Истрча полумаратон полн предизвици: Габриела Стефановска - Митровска од „Croatia осигурување“ за искуството на „Du Motion Runners Days“

Деновиве сите патишта водат до Дубровник, местото каде се одржува седмото издание на „Du Motion Runners Days“...

„Du Motion Runners Days“ за првпат е одржан во 2015 година под мотото „Више од утрке“, со една едноставна цел - промовирање на спортот и здравиот начин на живот. Денес, полумаратонот прерасна во меѓународно повеќедневен спортско - рекреативен настан со дури четири трки - полумаратон Дубровник, ѕидна трка, 5К - трка на граѓаните и Детска трка.

Оваа година имало 2.700 пријавени тркачи од сите краеви на светот, а трките започнале во сабота, на 29 април.

На една од овие трки, поточно на главната полумаратонска трка од 21 километар беше пријавана и Габриела Стефановска - Митровска, вработена во „Croatia осигурување“. Таа за Женски магазин, раскажа за каква точно трка станува збор.

„Денес беше главната полумаратонска трка од 21 километар на која бев пријавена и уште една трка од 5 километри. Трката се одвиваше по улиците на градот Дубровник и беше прлично напорна, бидејќи имаше стрми угорници кои беа долги. Пред самиот крај имаше баш напорна угорнина која беше најтешкиот дел од трчањето. Сонцето дополнително ни отежна, бидејќи беше претопло.“

И покрај тоа што теренот бил напорен, глетката која ја имала за време на трката ѝ била мотивација, а еве и зошто вреди да се биде дел од оваа голема трка. 

„Јас истрчав 21 километар без поголеми потешкотии и пресреќна сум што сум дел од овој настан. Инаку во склоп на настанот имавме 3 дена бесплатна посета на сите музеи, ѕидини, островот Локрум, имаше забавни настани, паста забава, забава во најпознатата дискотека во Дубровник - Ревелин, секаде бевме убаво пречекани, прељубезни се сите. Сѐ на сѐ преубаво доживување“ - ни посочи Габриела.

Р.Ж.М.

фото: Приватна архива