ИТАЛИЈАНСКА СТУДИЈА: Повеќе од 99% од починатите се луѓе со други сериозни заболувања

Добивај вести на Viber

Повеќе од 99% од смртните случи на коронавирусот во Италија се луѓе кои претходно имале и други сериозни медицински состојби, покажа студијата на националниот здравствен систем на земјата. Откако бројот на починати достигна повеќе од 2500, со пораст од 150% во изминатата недела, здравствените власти детално ги анализираат податоците, со цел да обезбедат важни иформации за да се помогне во борбата против ширењето на болеста.

Владата на премиерот Џузепе Конте во моментов прави проценка дали од почетокот на април ќе продолжи карантинот на целата земја, посебно поради фактот дека таму веќе има 35.713 инфицирани со вирусот, а бројката на починати интензивно се ближи до онаа во Кина. Во најбројната земја во светот, каде има речиси 81.000 случаи на коронавирус, починаа 3.245, а Италија во моментов брои 2.978 жртви.

Просечната старост на оние кои починале од Кови9-19 во Италија 79,5. Но, има и 17 починати кои се помлади од 50 години, но исто така со сериозни медицински состојби. 

Колку лица се заразени во Италија според податоците на фондацијата ГИМБЕ, прочитајте на Фактор