Ива е весела, сака да крши наочари, а особено моите: Внуката на Маријана наполни една годинка
Пејачката Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска, стана баба мината година на Велигден, 19-ти април.
Нејзината снаа, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.
Месецов Ива наполни една годинка и е преслатка, а баба Маријана објави низа фотографии од роденденот на малата.
Маријана накратко раскажа и за детските лудории на девојчето и се заблагодари за бројните честитки кои ги добиле.
„Најискрена благодарност до сите за вашите желби, честитки и благослови.
Ива е весела, торпедо во лазење по земја, не трпи капа на глава, многу си ја сака баба Летка, јаде се што ќе ѝ дадеш ама се мршти од лимон. Сака да крши наочари, а особено моите, чорапчиња на нозе и јок... Сака да дели бакнежи кога ќе ја види прабабата Гоца, заводливо се насмевнува со тета Меги... Посакувам да сте радосни, да ви се живи, здрави и весели децата, внуци и сите околу вас, чувајте ми се“ - напиша гордата баба Маријана на Фејсбук.
Една недела по првиот роденден, Ива имаше и свето крштевање, а баба Маријана објави фотографии од крштевката на малата.
Инаку Маријана која со семејството долги години живее во Мелбурн, Австралија, работи како стоматолог и се повлече од јавноста и од музиката.
Поврзани вести:
Украсувам иста елка 28 години: Маријана Новачевска за Женски Магазин
Осмомартовски поздрав од Австралија: Татјана и Маријана во друштво, го честитаат Денот на жената