Осмомартовски поздрав од Австралија: Татјана и Маријана во друштво, го честитаат Денот на жената
Секој ден е ден на жената, но денес посебно се изразува љубов, благодарност, почит и внимание до секоја една жена.
Денес, поздрави од жени до жени се пренесуваат низ целиот свет, а до Македонките, еден таков, осмомартовски поздрав стаса и од Австралија.
Пејачката Татјана Лазаревска со сопругот Новица Василевски и нивните деца живеат во Мелбурн. Тие пред пет години се преселија во Австралија, каде што живеат во сопствен дом, во кој се вселија на почетокот на минатата година. Таму живее и поранешната пејачка, Маријана Новачевска, која пееше во дует со својата сестра Росана Сариќ Тодоровска, речиси три децении живее во Мелбурн, Австралија. За Женски магазин неодамна изјави дека има нормален живот, исполнет со мир и спокој. Посветена е на нејзините две деца и работата.
Татјана и Маријана неодамна имаа објавено и заедничка фотографија, на кафе во Мелбурн.
А на вчерашна осомомартовска забава која се одржала таму, двете дами ги споија гласовите и заеднички запеаја.
ВИДЕО:
Денес пак, упатија честитка за 8-ми март до сите мајки, сестри, другарки, братучетки, комшивки, и не само за овој ден туку за секој ден во годината.
ВИДЕО:
Може да ве интересира:
-Семејна идила од Мелбурн: Татјана и Новица уживаат со своите синови
-Тања Лазаревска: Две недели по смртта на татко ми имав настап, микрофонот ми беше лек за болката
-Најромантичниот пар на естрадата: Татјана и Новица го користат секој момент да покажат дека љубовта е сè и над сè
-Украсувам иста елка 28 години: Маријана Новачевска за Женски Магазин
-(ФОТО) Маријана за ќерката: Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама е тука