Иван Јованов емотивен, на која ли ѝ порача: „Срце не се лекува, ќе те сакам довека“

Откако викендов младата пејачка Антониа Гиговска со обожавателите сподели дека му кажала ДА на саканиот, и откри дека ќе стане мајка, јавноста со будно око ги следи случувањата поврзани со неа и нејзиниот живот.

Нејзин животен партнер и сопатник ќе биде музичарот Роберт Спасенцовски а тој му е долгогодишен другар на поранешното момче на Антониа, вокалистот на Либеро бенд, Иван Јованов.

Токму Иван на социјалната мрежа Инстаграм сподели една нумера која ни привлече внимание. Иако е споделена токму на роденденот на Тоше Проески и е во негова чест, текстот на песната испеана од Тоше е навистина емотивен. 

Станува збор за песната „Слушаш ли“ .

„Слушаш ли ноќе кога светла изгаснат
болката срце како да ми сопрела
Заспиј моја љубена
само не заборавај
парче сон за мене сочувај
Слушаш ли се што не знам да ти искажам
правам се само да не те повредам
Никогаш и навек твој
доволно за сиот живот мој

Усни да ти бакнувам
Нежно да те прегрнам
да ти признам, љубена, дека си ми се
Срце не се лекува
ќе те сакам довека
Ниедно сеќавање немам без тебе ...“

Дали со песната Иван се обидува да и прати порака на поранешната или сепак решил од друг мотив да ја сподели токму таа песна која ја изведува самиот, си знае само тој.


Среќен сум што ќе бидам млад дедо, кога ми соопштија занемев од радост: Боби Спасенцовски, идниот свекор на Антониа Гиговска за Женски магазин