Среќен сум што ќе бидам млад дедо, кога ми соопштија занемев од радост: Боби Спасенцовски, идниот свекор на Антониа Гиговска за Женски магазин

Добивај вести на Viber

Пејачот Боби Спасенцовски, кој е иден свекор на Антониа Гиговска е многу среќен што ќе стане дедо, а неговата сопруга Весна, баба. Спасенцовски вели дека бил многу изненаден кога неговиот син Роберт кој е исто така музичар и Антониа му ја соопштиле убавата вест.

- Кога ми ги соопштија убавите вести занемев од радост. Не знаев што да кажам на почеток, испушив една цигара, ми требаше време да ги средам емоциите. Потоа ги гушнав, им честитав. Цел ден ни се јавуваат луѓе да ни честитаат, јас не знам што да кажам, збунети сме, и многу сме среќни. И јас се оженив млад како и Роберт, на иста возраст, и мислам дека така и треба да биде, да оди по тој ред. И многу е подобро кога младите се решаваат да станат родители на помлади години. Јас ќе бидам млад дедо, и како помлад ќе можам повеќе да го чувам внучето“, ни изјави Спасенцовски кој има 47 години. 

Тој на социјалните мрежи напиша дека денес си добил ќерка, а така ја ословил и Антониа кога слушнал за убавите вести.

- Имам два сина, но денес добив и ќерка. Антониа е прекрасна девојка, често доаѓа кај нас дома, играме карти, јас ја победувам, таа се лути. Се шегувам“, додаде Боби.

Тој е многу среќен што нивното музичко семејство се комплетира. Синот Роберт е музичар како него, но и другиот син Александар, тој има свое музичко студио.

Антониа ќе соработува со таткото и синовите Спасенцовски, Боби ни најави дека се подготвува нивен заеднички музички проект.

Познатата пејачка, која важи за еден од нашите најдобри вокали, денес на социјалните мрежи објави дека е бремена, токму на денот кога наполни 22 години. Кусо ни кажа дека уште е рано да открива други детали. 

- Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден за мене и погодете кој ќе биде мајка.

ПС: Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа… си славам. Роденден, бепче, прстен, сè“, напиша Антониа. 

Боби Спасенцови, кој е познат по настапите во многу локали низ Македонија, вели дека со радост ќе запее на свадбата на синот и на снаата. „Нема да дозволат децата свадбата да помоне без да запеам“, ни кажа Спасенцовски.

М.Џаровска