Антониа наполни 22 години и објави дека е бремена: Партнерот е долгогодишен пријател на Иван (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Младата пејачка Анатониа Гиговска, откако есенва по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, денеска објави дека е бремена.

Имено Антониа денеска го слави својот 22-ри роденден во Копаоник заедно со нејзниот партнер, музичарот Роберт Спасенцовски. 


Воедно таа доби и веренички прстен, а со своите обожаватели ги сподели убавите вести:

- Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе си го славиме заедно. Нека ми е среќен роденденот и погодете кој ќе стане мајка. Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа... си славам роденден, бепче, прстен, се - напиша Антониа под низата фотографии на кои позира со трудничкото стомаче, а воедно и ги праша своите обожаватели што мислат дали ќе биде машко или женско.

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Инаку Роберт познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и сме ги виделе на доста заеднички видеа на социјалните мрежи.


Покрај тоа тој е и долгогодишен пријател и со поранешното момче на Антониа, Иван, судејќи по нивните заеднички фотографии и видеа.



View this post on Instagram

A post shared by (@jovanov_ivan)


Претходно за Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи и дека од него научила да сака. 

Во септември пак додека сè уште живееше со Иван, на прашањето дали размислува за брак или семејство, рече „не“:

- Моментално сум посветена на музиката, тоа не ми бега, сите нас не чека тоа порано или подоцна.

Очигледно во меѓувреме работите се промениле.  Честитки!