Ивана Михајловска: „LIVSANE - Европски бренд достапен ексклузивно во BETTY аптеки Македонија”

Од чаеви, до додатоци на исхрана и медицински средства, LIVSANE е најновиот европски бренд кој на своите корисници им нуди квалитетни производи за живот полн енергија. Самите производи се високо квалитетни и се произведуваат во различни Европски држави. Нивната цел е да понудат здравје на секој член од семејството. Тоа е и една од причините зошто ги има ексклузивно во BETTY аптеките во Македонија, чија мисија пред сѐ е грижа за здравјето на секој поединец.

Приказната на LIVSANE започнува пред 2 години, во 2017та, и за да се запознаеме повеќе со тоа што го нуди самиот бренд разговаравме со Ивана Михајловска, магистер по фармација и бренд менаџер на LIVSANE.

1. LIVSANE брендот изгледа навистина модерно и атрактивно за око. Љубопитни, го пробавме LIVSANE чајот од ѓумбир, кој пријатно нѐ изненади.

Која е целта на самиот бренд LIVSANE?

Да, препознатливиот LIVSANE чај од ѓумбир е дефинитивно избор за голем број од нашите потрошувачи и пациенти. И токму тој ја опишува и целта на самиот бренд, да понудиме уникатни и квалитетни производи, со модерен дизајн и достапна цена, кои ќе се најдат во секојдневна употреба кај нашите потрошувачи.

2. Како започнува приказната на LIVSANE и зошто?

На територијата на Европа има над 12.500 партнерски аптеки кои се дел од програмата Phoenix Pharmacy Partnership, помеѓу кои се и BETTY аптеките во нашата земја. Водени од мислата на соединување и поврзување на сите овие различни аптеки, започнува приказната на развивање на сопствено портфолио на производи, односно еден, единствен и уникатен бренд за сите аптеки ширум Европа – брендот LIVSANE. Ова значи дека потрошувачите и пациентите ќе можат овие производи да ги најдат не само во BETTY аптеките туку и во 15 останати Европски земји, со еднаков квалитет, дизајн и амбалажа. Сакајќи да понудиме врвен квалитет на нашите потрошувачи и пациенти, брендот LIVSANE го развиваме со производство на високо квалитетни производи во различни земји како Германија, Данска и Белгија, а секој производител за себе е најдобар во својата категорија на производство на фармацевтски односно медицински производи.

Официјалното лансирање на брендот LIVSANE е пред повеќе од две години, во Јули 2017та година, најпрвин во Германија и Чешка каде дел од производите за прв пат се достапни во продажба.

3. Сигурно многу често Ве прашуваат, но мораме и ние. Каде се’ може да ги најдеме производите на LIVSANE?

Кај нас, LIVSANE производите може да се најдат само и ексклузивно во BETTY аптеките. Локациите на сите аптеките може да се најдат на страната betty.mk.

4. Имате многу голем избор на производи од LIVSANE. Сепак,кој Ви е на Вас омилен и зошто?

Тешко прашање. Да, LIVSANE портфолиото изобилува со голем број на производи за различна примена, од чаеви, до додатоци на исхрана и медицински средства. Брендот е достапен во 8 категории: медицински, природни и хербални производи,производи за лична нега,производи за нега на мајките и бебињата, производи  за превенција, производи за дијагностика, производи за прва помош и производи за женска хигиена, кои го прават овој високо-квалитетен Европски бренд соодветен за целото семејство. Во моментов на сезона на настинки, како поддршка на имуниот систем, први од избор ми се LIVSANE производите за подобрување на имунитетот, а секојдневно го користам и LIVSANE Магнезиум 500 mg – високо концентриран, производ кој го препорачувам кај сите кои се физички активни, но и кај сите оние на кои им треба повисока дневна доза Магнезиум.

5.Ги спомнувате и BETTY аптеките. Дали може да ни издвоите по што друго се препознатливи овие аптеки?

Мисијата на брендот BETTY е пред сѐ грижа за здравјето на секој поединец кој е во потрага по одреден лек, препарат или стручен совет. Целиме кон поставување нови стандарди и секогаш се стремиме да се позиционираме како лидер во полето на услугата и иновацијата.  Во аптеките со ознака BETTY може да очекувате повеќе внимание, почитување и стручна помош од фармацевтот, најдобра снабденост, производи на попуст во склоп на препораката на месецот и бесплатниот BETTY магазин кој нуди интересни и тематски различни содржини. И секако, ексклузивно само во BETTY аптеките може да ги најдете LIVSANE производите.