ИВАНА: Значење на името и какви се личностите кои го носат

Името Ивана во 70-тите беше вистински хит на нашето поднебје. Ова е женска словенска фотма од грчкото машко име Јоханес односно Јован и значи „Бог е милостив“.

Името се толкува и како раѓање кое е дар од Бога.

Името Ивана има многу варијанти како Иванка, Ива... а на нашите простори многу е застапена и машката варијанта Иван. Ова име е многу поврзано со името Јана, бидејќи и двете имаат корени од името Јован.

Луѓето кои го носат ова име слават именден на празникот Иванден, денот кој е посветен на раѓањето на Јован Крстител.

Личностите со името Ивана се ведри, верни и искрени.