Изгледа како да доживеала мозочен удар: Беше најубавата актерка, но од операциите целосно се изобличи

Фото: RMBI / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Дениз Ричардс со години важеше за една од најубавите актерки во Холивуд. Кариерата ја започна како модел, а на крајот на 90-тите се проби во актерскиот свет благодарение на улогите во филмовите „Џејмс Бонд: Светот не е доволен“ и „Диви работи“.

Извесен период таа ги полнеше насловните страници со своите успеси, но тоа набрзо се промени кога влезе во бурен брак со актерот Чарли Шин, со кој има две ќерки Сем Шин (17) и Лола Шин (15), но и поради нејзиното учество во реалното шоу „Домаќинки од високото општество“. Бројни дами ги носеа нејзините фотографии во ординациите на хирургот за да изгледаат што повеќе на убавата актерка. 

Тогаш почнаа приказните дека си го уништила лицето со ботокс и други третмани, иако некогаш била една од најзаносните актерки. 

За жал, Дениз, како и многу нејзини колешки, имала проблем да се помири со стареењето, па побарала помош од ординациите на хирурзите. Со текот на времето, нејзината зависност од операции ја направи нејзината фигура непрепознатлива, а новите фотографии го поткрепуваат тоа тврдење. 

Имено, Дениз папараците ја фотографирале додека пазарела со сопругот, а иако се криела под капа, очигледно е дека повторно правела нешто со лицето. Изгледа дека устата и е повторно поголема отколку што беше, а поради се‘ и „падна“ на рабовите, формирајќи ја таканаречената „Џокер насмевка“. 

Од моментот кога фотографиите се појавија на интернет, можеше да се прочитаат загрижените коментари на фановите кои први се посомневаа дека нешто не е во ред.

„Изгледа како да доживеала мозочен удар“, „О, боже, што направи со лицето“, „Ова е за психијатар, а не за пластичен хирург“, „Деца, погледнете како не треба да изгледаат филерите“ ... се само неколку кои можеа да се прочитаат.

И навистина, на прв поглед, Дениз навистина изгледа како да има здравствени проблеми и не е јасно зошто на прво место отишла под нож со оглед на тоа дека операциите ни најмалку не и биле потребни. 

„Ако луѓето погледнат малку поблиску, имам ист нос и исти усни. Не користам ботокс или филери", рекла таа еднаш самоуверено, но факт е дека нејзиното лице често изгледа отечено, надуено и "измачено" особено во последно време.


Обожавателите очајно ја молат да интервенира, но се чини дека Дениз и понатаму води со ставот „Претпоставувам дека ми веруваш повеќе од твоите очи“ и негира какви било операции.


Фото: Профимедиа

Видео: Инстаграм

Не можела да престане да плаче: Пукале во позната актерка и нејзиниот сопруг, а мотивот е - неверојатен!