Животна училница // Приказни
Излегувам од дома само по потреба: Александра од жариштето на коронавирусот во Ломбардија
- 10 Март, 2020
Маркетите се полни, има залихи но внатре има право да влезе само еден човек, јавните места за собири се забранети до 3 април а на улиците и оние малкумина што ќе ги сретнете од стравот од коронавирус се заштитени со маски и ракавици.
На некои места како што е градот Бреша и околните села повремено може да се видат и полициски патроли кои дококлу ве сретнат ќе ве прашаат каде ќе одите и дали е итно.
Ваква е моменталната ситуација во италијанскиот регион Ломбардија каде во овој момент е најризично да живеете, не смеете да патувате или излегувате.
Токму од Бреша (Ломбардија) каде живее неколку години за Фактор Александра Ѓоргиева со директно сведоштво на ФАКТОР.МК