Ја каснале отровни пајаци во дворот: За неколку часа ѝ се затворило грлото, ѝ отекле лицето и рацете

Добивај вести на Viber

Таа за момент се заплеткала во пајакова мрежа, кога го почувствувала каснувањето...

Џесика Роџ е самохрана мајка на три деца од Џорџија која испраќа предупредувачки апел поради тешката состојба во која се наоѓа поради каснување од отровни пајаци.

Имено, Џесика на први јули решила да ги исчисти „заборавените“ делови од дворот. Ја земала метлата и почнала да ги вади пајажините кои биле таму веќе некое време, кога набрзо се заплеткала во една.

- Чистев и наеднаш се најдов заплеткана во пајакова мрежа, а потоа почувствував убод крај окото. Знаев дека ме касна пајак, а потоа видов неколку пајаци на мене – рекла таа, пренесува „Всаз“.

За неполни 24 часа итно била префрлена во болница, бидејќи целото лице и било отечено, рацете, но и она што било најзагрижувачко - грлото и било отечено и не можела да диши.

Се испоставило дека ја каснале пајаци самотници, како што ги нарекуваат овде. Овие пајаци се отровни и претежно живеат во САД, но ги има и во Европа.

Се препознаваат по кафената боја, долгите нозе и темниот дезен на телото, кој наликува на виолина.

Отровот што го носат може да биде доволно силен за да убие, но за среќа Џесика преживеала. Таа се уште е во болница, а моментално роднините собираат пари за неа. Сè уште има осип на рацете, а окото се уште и се опоравува.

Фото: Gofundme.com
Извор: Ona.rs