Ја молев мајка ми да те праша да се сликаме: На Ксенија Николова како дете идол ѝ била Андријана Јаневска

Добивај вести на Viber

Познатата писателка Ксенија Николова откри дека пејачката Андријана Јаневска ѝ е идол од детството

Имено Ксенија објави нивна заедничка фотографија, на која таа е девојче, а Андријана девојка која е во екот на популарноста.

„Андријана Јаневска еве едно мало изненадување за тебе.

Се сеќавам како вчера да беше, се паднавме да се возиме заедно во авион накај Кипар, кога те видов, веднаш почнав да ја молам мајка ми да те праша да се сликаме. Ова мислам дека беше кратко после настапот со „Твоето писмо моја библија”. Пресреќна бев, каква радост беше тоа.

Случајно ја најдов денес сликата и сакав да споделам. Бевме деца, слушавме добра музика, имавме добри идоли и се радувавме од срце на мали нешта.“