Ја остави за најубавата жена на светот па се покаја: Бред Пит и подари „замок“ на Џенифер Анистон, но залудно - „Никогаш не требаше да се разделат“

Добивај вести на Viber


Бред Пит и Џенифер Анистон беа едни од најкомпактибилните холивудски парови. И двајцата познати, богати и славни, а потоа се шпекулираше дека во животот на актерот има уште една жена.

Тоа беше Анџелина Џоли, која Бред ја запозна за време на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“. Џоли тогаш беше сингл и важеше за најубава жена на светот. Анистон и Пит се разведоа, а актерот доби три деца со Анџелина и посвои уште три.

Јавноста го презираше затоа што и го скрши срцето на обожаваната Џенифер, но кога видоа дека тој и Анџелина навистина се сакаат и издржаа со години, го засакаа и тој пар.

Сепак, на љубовта и дојде крајот во 2019 година, кога и официјално се разведоа. За време на разводот тие многу се почитуваа, сепак, во последно време децата на Бред се откажуваат од неговото презиме поради наводните скаднали дека тој ги малтретирал, а денес очигледно не е во контакт со нив.

Од друга страна, тој остана во добри односи со Џенифер. Се шпекулираше дека може да дојде до помирување пред неколку години, кога Бред и подарил замок за нејзиниот 50-ти роденден, за кој искеширал 79 милиони долари. Станува збор за вилата во која живееле заедно додека биле во брак, напиша Мирор. Гласините за помирување станаа уште погласни кога Анистон се разведе од Џастин Теру по две години брак.

„Ако сè уште се сакаат нека бидат заедно“, „Би било прекрасно да доживеат длабока старост заедно“, „Отсекогаш биле и требало да бидат заедно“, коментираат следбениците на социјалните мрежи.

Сепак, тешко дека ќе се оствари бидејќи Бред е во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон, која е 27 години помлада од него. На почетокот својата љубов ја држеа подалеку од очите на јавноста, а во последно време сè почесто се гледаат како излегуваат заедно. Како што пишуваше People во февруари, тие ја подигнаа својата врска на следното ниво. Извор близок до парот откри дека тие живеат заедно и дека Инес се вселила во замокот на актерот. Тоа беше голема вест за фановите на славниот актер бидејќи ова е негова прва официјална врска по разводот со Анџелина Џоли.