Ја откри тајната: Хју Џекмен за среќниот брак кој трае 24 години
Актерот Хју Џекмен
(51) деновиве се подготвува за да прослави 24 години брак со својата сопруга
Дебора Ли Фернес (64). Во неколку наврати, Џекмен има изјавено
дека тој и неговата сопруга секогаш „учеле еден од друг“ и дека тие знаат како да го одвојат „вистинското време еден за друг“.
Џекмен, истакна дека двајцата понекогаш го „обновуваат“ својот брак и дека не се разделуваат како другите брачни парови.
"Ние секогаш учиме затоа што луѓето се менуваат. 25 години сме заедно. Мораме постојано да се приспособуваме. Јас сум среќен што таа е толку смешна, неверојатна и паметна. Колку подолго трае бракот, толку подобро станува", рече актерот.
Актерот е среќен што, како млад човек, го направил вистинскиот избор и стапил во брак со Дебора.
„Пред да имаме деца, Деб и јас направивме прилично едноставен, но моќен избор секогаш да се гледаме еден со друг во очи кога ќе се најдеме на крстосницата во животот. Овие крстопати понекогаш се мали, понекогаш големи, понекогаш не сфаќате дека сте на крстопат додека не погледнете назад.
Но, во тие моменти секогаш се прашуваме: дали е ова добро или лошо за нашиот брак? А сега кога имаме деца, прашањето гласи: Дали е ова добро или лошо за нашето семејство?
И што е можно почесто, ние го избираме она кое е најдобро за нашето семејство “, истакнува Хју.
Минатата година актерот откри дека „интимноста“ е клучот за среќен брак.
„Несомнено интимноста е најважна“, рече актерот.
"Луѓето зборуваат за интимност и мислат дека тоа значи интимност во спалната соба. Секако дека таа постои, но вистинската интимност е состојба во која споделувате сè - добро, лошо, стравови, успеси ... Деб и јас го имаме тоа уште од почеток. Ние секогаш бевме целосно зависни еден од друг“, потенцира Џекмен.
Парот се запознал на сетот на ТВ-драма во 1995 година во Австралија. Иако Хју Џекмен дошол на снимањето „од училишната клупа“, тој веднаш знаел дека Дебора е жената за него. Двојката се венча во 1996 година, а во 2000 тие посвоија две деца, Оскар и Ева.
Животот се менува од корен со вистинскиот: Џулија Робертс открива тајни за две деценискиот брак