Ја посвоивме Нина: Сека Алексиќ објави среќна вест и сподели видео од семејниот дом
Пејачката Сека Алексиќ откри дека посвоила домашно милениче, куче кое таа и нејзините синови го нашле на улица во Белград.
Како што навела пејачката во својата објава, со оглед на тоа дека кучето има микрочип, веднаш го повикале сопственикот, но тој наводно не сакал да знае за миленикот.
- Ја посвоивме Нина. Пронајдена е на улица во Белград, има микрочип. Го повикавме сопственикот, тој рече дека не е негова, а има негов број на чипот. Ја земавме, ја однесовме на преглед, ѝ испитаа крв... здрава е. Таа го гризна ветеринарот од страв и недоверба. Многу е исплашена, неухранета на видеото е иопуштена во однос на тоа каква беше кога дојде. Сега дозволува да ѝ приоѓаат и да ја галат. Таа им се придружи на другите кучиња кај нас и веќе ужива - напиша Сека и објави видео на кое се гледа како нејзините синови Јаков и Јован се грижат за новиот член на семејството.
— Seka Aleksic (@poslednjilet) September 23, 2023
Инаку, постариот син на Сека Алексиќ, Јаков, започна на училиште.
- Подготвена сум за тоа прво одделение, а за него ќе видиме. Јас сум понервозна од него затоа што уште не знае дека има обврски. Дома зборувавме многу за тоа, дека ќе има домашни задачи и дека ќе научи разни работи. Верувам дека нема да биде лесно бидејќи не беше ни со градинката бидејќи Јаков е малку палав и не стои во место. За него е важно да разбере дека мора да внимава на час, но и да го сака училиштето. Тој е љубопитно дете и верувам дека ќе го интересираат многу предмети, а ќе се потрудиме да стекне работни навики и да ужива во учењето - изјави неодамна Сека за „Блиц“.
Извор: www.blic.rs