Ја пробав диетата на Адел, сега и никогаш повеќе: Исповед за темната страна на диетата
Кажете им збогум на килограмите, но и на социјалниот живот
Рејчел Мартин, новинар за списанието „Тело и душа“, се обиде да ја држи таканаречената Сиртфуд диета, со која пејачката Адел неодамна драстично изгуби тежина. Резултатите беа видливи, но младата новинарка изјави дека оваа диета има своја темна страна.
Која е Сиртфуд диетата?
Кога ја држите оваа диета, ви е дозволено да внесувате само 1.000 калории на ден. Поентата на режимот е да активирате протеин наречен сиртиус во вашето тело со јадење јаболка, боровинки, рукола. Охрабрувањето на вашето тело да произведува сиртуини е наводно добра работа, затоа што се верува дека ги штитат клетките во телото од умирање, кога се под стрес. Овие протеини го зајакнуваат метаболизмот и му помагаат на вашето тело да согорува маснотии.
Позитивната страна на оваа диета е што за време на неа е дозволено повремено внесување на црно чоколадо и црвено вино.
Можете да изгубите до 3 килограми во текот на првата недела.
- Првата фаза на диетата
Првата недела од диетата се нарекува и „интензивна недела“. Неопходно е да се пијат многу зелени сокови: од рукола, брокула, спанаќ, краставица и генерално нешто зелено. Покрај тоа, имате само еден оброк на ден кога можете да јадете пилешко, мисирка, риба или тофу. Дозволено е да консумирате максимум 1.000 калории на ден, така што првично ќе страдате од глад.
- Втората фаза на диетата
Во текот на оваа фаза, можете да јадете три оброци на ден, и покрај тоа, сè уште можете да пиете зелени сокови.
После тоа, се враќате на првата фаза, и така натаму во круг.
Проблеми со диети
Внесувањето само 1.000 калории на ден е доволно тешко, покрај тоа кога сакате да функционирате нормално, да ги исполните работните обврски и да одржувате социјален живот, диетата станува премногу напорна.
Подготвувањето храна не е премногу комплицирано или скапо. Ако имате соковник, тоа ќе ви заврши половина од работата. Покрај тоа, сигурно подготвувате бело месо или риба секој ден. Меѓутоа, ако понекогаш немате време да го подготвите вашиот оброк дома, ќе биде тешко да најдете нешто во продавница за брза храна или ресторан што ќе ви одговара.
Рејчел Мартин тврди дека во текот на првата недела, таа постојано се чувствувала уморно и исцрпено. Оваа диета влијаела врз нејзиниот социјален живот, бидејќи таа честопати избегнувала излегување и средба со пријателите заради замор и глад.
- Можеби некои луѓе, како Адел, можат да одржат рамнотежа помеѓу исхраната и општеството. Можно е оваа диета едноставно да не е за мене - заклучи таа.
извор: telegraf.rs
(ФОТО) Шармантната Адел: Во природно издание и подмладена, повторно изненадува