(ФОТО) Шармантната Адел: Во природно издание и подмладена, повторно изненадува

Добивај вести на Viber

Иако нејзината трансформација беше во екот на јавноста пред неколку месеци, се уште не сме навикнати на новиот изглед на шармантната музичка суперsвезда.

Британската пејачка Адел и нејзините изгубени околу 50 килограми несомнено го одбележаа изминатиот период кога станува збор за светот на славните!

Убавата Лондончанка, која реши да се промени по разводот, па почна да тренира и да јаде поздраво сега е речиси непрепознатлива.

Бидејќи таа не е голема обожавателка на социјалните мрежи и не излегува премногу на јавни настани, немаме можност да ја гледаме често Адел, така што секоја фотографија што се појавува во јавноста е вистински бум за нејзините фанови.

Адел ни даде нова можност да и аплаудираме, викендот, кога објави фотографија на Инстаграм посветена на Бијонсе, колешка чијашто жестока обожавателка е таа. Имено, Адел позираше во маица со принт идентичен со оној што го носи Бијонсе во видеото во кое го промовира својот нов „филмски албум“

- Благодараме кралице, што секогаш не правиш да се чувствуваме сакани со твојата уметност - напиша Адел, а нејзините обожаватели коментираа повикувајќи ја да нè израдува со нови песни и секако со бројни комплименти за нејзиниот младалачки изглед.

извор: glossy.rs
(ФОТО) Изгледа неверојатно: Адел ја покажа новата фигура