„Ја пуштив ќерка ми да си игра кај другарка, а мајка ѝ ми испрати ценовник - седењето на кауч е 50 денари, користење на тоалет 160 денари“

Добивај вести на Viber

Веруваме дека како деца сте оделе кај другари и сте останале таму со часови, а понекогаш дури и преноќиле бидејќи играта никогаш не завршила. Родителите на пријателите кај кои одевме цело време се грижеа за нас како да сме нивни деца и беа во контакт со нашите родители и секако не бараа никаков паричен надомест за тоа што ќе пиеме и јадеме. Сепак, се чини дека времињата се сменија.

Видеото во кое мајка Шеј објаснува зошто е во ред родителите да ѝ платат за се‘ што потрошило нивното дете додека било на гости кај нив дома, играјќи си со нејзината ќерка стана вирално.

„Ви благодариме што и дозволивте на вашата ќерка да си игра со нас. Ве молиме помогнете ни така што ќе ги споделите со нас трошоците“, објаснила Шеј, по што истакнала дека цената е 15 долари.

„Трошоци?“ - прашала мајката на детенцето кое било кај нив неколку часа, за да си игра со нејзината ќерка - очигледно не разбрала баш за што се работи.

Потоа Шеј ѝ пратила список на „трошоци“:

Креда - 1 долар

Сос од јаболко - 1 долар

Овошје - 1 долар

Седење на каучот - 1 долар

3 кутии сок - 2 долари

2 одења во бањата - 3 долари

Јогурт - 1 долар

Скршена играчка - 5 долари

„Само што ги добив парите, многу ви благодарам. Се надевам дека ова ќе ги олесни трошоците за нашите деца да можат почесто да се дружат“, се вели во пораката.

Во коментарите многумина ја осудија оваа мајка и истакнаа дека „трошоците се занемарливи“.

„Жал ми е за твојата ќерка. Поради тебе таа нема да има пријатели“, „Па, ќе пропаднеш за 15 долари?“, „Боже, каков скржавец“, беа само дел од коментарите. Дами, ваш коментар за овој потег на мајката?


Фото: TikTok - Screenshoot

Извор: женаблиц