„Јас сум доказ дека со операција може да се смени личниот опис“: Поради својот изглед била мета на осуда, а сега се пријавила на натпревар за убавина
Ели Џонс (20) е родена со деформитет на вилицата кој и го отежнувал извршувањето на секојдневните активности. Поради деформитетот таа била мета на провокации на врсниците, а сето тоа многу влијаело на нејзината самодоверба.
Стоматологот ѝ рекол дека вилицата не ѝ пораснала од својата осумгодишна возраст и дека единственото решение е операција и усогласување на вилицата. Кога Ели наполнила 14 години, добила протези, а потоа отишла кај максилофацијален хирург кој ѝ го променил животот.
Првата операција ја направила на 16 години. Хирурзите и ја отвориле вилицата хоризонтално и вертикално, за да биде можна корективна операција на брадата. Сето тоа предизвикало еден месец да биде на течна диета. Целото закрепнување траело дури шест месеци.
По оваа операција, Ели имала повеќе операции за да ја постигне својата совршена насмевка. После сите операции, откако закрепнала, таа одлучила да се пријави на изборот за Мис Велс.
Richard Norris, who was disfigured by an accidental self-inflicted gunshot, lived reclusively for 15 years even resorting to wearing a mask to hide his own face.
— Morbid Knowledge (@Morbidful) May 18, 2024
He accidentally shot himself in the face aged 22 in 1997, blowing off his nose, cheekbones, lips, teeth and jaw.… pic.twitter.com/w23DRQRpt2
„Бев многу срамежлив поради својот изглед, а сега по операцијата се чувствувам како поинаква личност. Имам поголема самодоверба, се чувствувам како грдо пајче кое станало лебед“, изјавила Ели, пишува „Дејли мејл“.
Нејзината мајка Натали изјавила дека операцијата не само што и го променила физичкиот изглед, туку и начинот на размислување и ѝ ја подигнала нејзината самодоверба.
„Таа стана прекрасна млада дама“, рекла нејзината мајка.
Фото: „X“