Јас сум домаќинка во Дубаи и вака ми изгледа денот: Моето момче има милијарди, а јас вака живеам

Пернил е убава и атрактивна русокоса која ужива во луксуз, а главното хоби и е трошење пари. Оваа млада дама живее во Дубаи и моментално е невработена, односно се претставува како домаќинка. Најчесто на социјалните мрежи споделува ваква содржина - како изгледа денот на една домаќинка во Дубаи, а нејзините видеа се секогаш многу популарни.

Таа во своите видеа редовно се фали со својот луксузен начин на живот и покажува како деновите ги исполнува со одење во шопинг, на плажа, луксузни вечери, ноќен живот, возење со јахти... Пернил наведува дека е „домаќинка со полно работно време“.

Од приложените видеа јасно се гледа дека оваа дама има богат избраник, иако никаде не го покажува. Меѓутоа, таа снимила видео во кое бара од него повеќе пари за трошење.


Секоја нејзина снимка се сведува на истото - брзи скапи автомобили, бескрајно купување, секојдневно трошење пари на брендирани чанти и чевли, одење по барови и ресторани, патување низ светот, односно хедонизам во целосна форма...

Нејзината содржина редовно предизвикува дебати во коментарите - додека некои корисници тврдат дека таа го живее нивниот сон и дека така треба да биде животот, други се прилично револтирани и згрозени од ова секојдневие.


„Каква домаќинка си кога 24 часа не правиш апсолутно ништо во домот“, „Ти се шегуваш со нас“, „Не ми е гајле што велат другите, сакам да бидам ти“, „Те гледам и буквално го живееш она што го сонувам“, „Многу убаво, но зарем не треба да бидеш корисна?“, „Гледам Дубаи како ме вика“, „Дубаи е најдоброто место на светот за трошење пари“, „Апсолутно совршен живот, но зар не ви здосадува понекогаш“, „И јас сакам да бидам домаќинка во Дубаи“, се само дел од коментарите.


Фото и Видео: ТикТок