Актуелно // Insta вести
„Јас сум Македонија“: Калиопи ја отвори душата
Во едно неодамнешно интервју, пејачката Калиопи проговори за љубовта кон Македонија, но и за тоа дека секогаш секаде ја носи со себе. Иако е доста позната особено на Балканот, а песните со колегите од соседството бројат милиони, сепак, Калиопи изјави дека каде и да оди, каде и да настапува, Македонија е нејзиниот дом, нејзината лулка.
„Македонија е мојот дом, мојата лулка, и … Македонија ја носев секаде со себе. Таа оди патува секаде со мене каде и да одам … бидејќи, јас сум Македонија, сето она што го презентирам, Македонија е внатре“, изјави пејачката.
Инаку, Калиопи неодамна ја прослави својата четиридецениска кариера, а обожавателите ги изненади со албум на кој се наоѓаат 10 песни. Видеата за истите веќе се објавени на телевизиите.
Фото: Инстаграм