Јасно е од кој Тијана Дапчевиќ ја наследила убавината: Погледнете ја нејзината мајка па проценете (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Едно од најпознатите сестринства на регионалната музичка сцена е секако она што го негуваат пејачките Тијана Дапчевиќ (45) и Тамара Тодевска (36), а надалеку е познато колку тие две се сакаат и поддржуваат во секоја прилика.

Меѓутоа, најверојатно не е занемарен фактот дека нивната мајка, која ретко можеме да ја видиме во јавност, е најзаслужна за таквата убава сестринска врска, а фактот што Тијана неодамна им ја покажа на своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ доведе да погледнеме подетално и како изгледа денес Брана Тодевска, жена која е горда на своите две ќерки, две музички sвезди.


И штом ги видиме фотографиите, јасно е од кого двете пејачки ја наследиле својата препознатлива убавина. Брана е фотографирана покрај внукот на Вук, единствениот син на Тијана, а таа, како баба, подеднакво ги обожува децата и на Тамара, Хана и Дарен. 

Денес, таа е среќна што може да ужива во улогата на баба на која и е многу посветена. Брана има српско потекло, а своевремено се омажи за Македонецот Велко Тодевски, со кого имаше две ќерки, но тој брак не опстана до денес.



Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ искрено зборуваа за разводот на нивните родители, за српскиот магазин „Стори“. „Разводот на родителите не обележа“ кажаа двете познати пејачки тогаш .

Во неколку наврати, Тамара има изјавено дека нејзината мајка Брана која е поранешна оперска пејачка и професорот по контрабас, Велко Тодевски останале во добри односи по разделбата. Ова е видливо на сите нивни семејни прослави и настани каде што се присутни мајката на Тамара и на Тијана и таткото, со неговата втора сопруга, за која Тамара често знае да каже дека ѝ е блиска. 

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)



„Не ми беше сѐ едно кога Тијана се пресели во Белград, а не ми е ни сега. Но, знам дека таа тука е среќна“, вели Тамара во заедничкото интервју со Тијана кое е направено во Белград.


Извор: story.rs

Фото: Инстаграм


Разводот на родителите нѐ обележа: Искрена приказна на Тамара и на Тијана