Разводот на родителите нѐ обележа: Искрена приказна на Тамара и на Тијана
Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ искрено зборуваат за разводот на нивните родители, за српскиот магазин „Стори“. „Разводот на родителите не обележа“ велат двете познати пејачки, а целата приказна ја има во печатеното издание на магазинот.
Во неколку наврати, Тамара има изјавено дека нејзината мајка Брана која е поранешна оперска пејачка и професорот по контрабас, Велко Тодевски останале во добри односи по разделбата. Ова е видливо на сите нивни семејни прослави и настани каде што се присутни мајката на Тамара и на Тијана и таткото, со неговата втора сопруга, за која Тамара често знае да каже дека ѝ е блиска.
„Не ми беше сѐ едно кога Тијана се пресели во Белград, а не ми е ни сега. Но, знам дека таа тука е среќна“, вели Тамара во заедничкото интервју со Тијана кое е направено во Белград.
Тамара, која по освоеното седмо место на „Евросонг“ е актуелна во целиот регион, даде искрено интревју и за српскиот портал „Новости.рс“.
„Навистина мислам дека солзите се лек за сѐ. Најголемиот дел од времето се трудиме да бидеме силни, но мислам дека нашата сила лежи во тоа да ја покажеме слабоста, и да уживаме, како во позитивните, така и во нештата кои не прават тажни дури можеби и во оние кои не повредуваат. Ова најверојатно звучи лудо, но кога ќе се свртам назад на својот живот, токму тешките моменти, во кои сум била повредена и поради кои сум плачела на крај ме направиле посилна личност каква што сум денес. Без солзите никогаш не можеме да ја почуствуваме силата на среќата“, изјави Тамара и додаде дека има неверојатно семејство, сопруг кој ѝ дава огромна поддршка и е најдобар татко на светот, две прекрасни деца, родители и сестра на која најмногу може да се потпре.
„Proud“ е песна на мојот живот и секој ден ја живеам нејзината порака“, вели Тамара за крај.