Јавно се бакнуваа во уста, ги обвинуваа за инцест и дека спијат заедно: Потоа братот на Анџелина Џоли се повлече од јавноста, денес живее скромно
Иако Анџелина
Џоли ретко зборува за својот приватен живот, многу детали од него и се познати
на јавноста. Нејзиниот татко е холивудски актер од постарата генерација, Џон
Војт, а нејзината мајка е продуцентка, Марселин Бертранд. Покрај Анџелина, понзатиот
пат го доби и синот Џејмс Хевен, кој е две години постар од неговата сестра.
Тие отсекогаш имале многу силна врска, тој беше личност на која актерката
најмногу му веруваше, а нивната врска често доведуваше дури и до зачуденост во
јавноста.
Интересно е што Анџелина додека растела го презирала својот татко Џон, што и јавно го признала, но од друга страна тоа никогаш не влијаело на нејзиниот однос со нејзиниот брат. Напротив, тие изградија силна врска која беше на работ да го шокира Холивуд во 90-тите.
Кога зборуваме за нив, невозможно е да не се потсетиме на неверојатниот момент од Оскарите во 2000 година кога Анџелина Џоли ја освои златната статуетка за најдобра улога во филмот „Girl, Interrupted“. Таа потоа јавно му се заблагодари на својот брат, велејќи дека е „вљубена“ во него, па дури и бесрамно се бакнуваа во уста на црвениот килим.
-Во шок сум и во моментов сум толку заљубена во брат ми, изјави тогаш актерката.
-Тоа беше нешто едноставно и прекрасно. Анџелина се подготвуваше да оди во Мексико за да го заврши снимањето на "Оригиналниот грев" со Антонио Бандерас. И честитав на освоениот Оскар и и дадов брз бакнеж во усните. Тоа одекна и стана голема работа, изјави Хевен седум години подоцна.
Ова предизвика гласни шпекулации дека двојката ужива во инцест врска, што тие цврсто и континуирано го негираа. И двајцата тврдеа дека се само брат и сестра кои многу се сакаат.
Колку славната бринета била блиска со својот брат најдобро говори податокот дека нејзиното прво биолошко дете - Шајло Џоли-Пит го добило неговото име! Во 2007 година, Хевен во интервју за списанието „Грација“ откри дека Шајло, што значи „месија“ или „мирен“ на хебрејски, требало да биде неговото средно име во 1973 година, но неговите родители се премислиле. 33 години подоцна, во 2006 година, Анџелина решила да и го даде тоа име на својата новородена ќерка. Џејмс призна дека гестот го расплакал.
Инаку, се шпекулираше дека додека биле во брак, Пит не бил воодушевен од улогата на Џејмс во животот на Анџелина и дека му пречело тоа што привлекува повеќе негативно отколку позитивно внимание кон себе и кон својата сестра.
Џејмс бил многу близок со внуките и внуците - откако Анџелина и Бред Пит се развеле, тој практично се вселил во домот на неговата сестра и станал главна дадилка, односно бил тој што ја надгледувал работата на останатите дадилки задолжени за грижата и благосостојбата на децата. Овој „ангажман“ не траеше повеќе од една година подоцна. Во 2017 година, Хевен се збогуваше со оваа „задача“ и оттогаш речиси нема никаков контакт со својата сестра и нејзините деца.
Џејмс и Анџелина отишле до тој степен што не ни зборуваат еден со друг.
Анџелина и Џејмс веројатно се скараа пред неколку години. Расправијата се случила ненадејно и без вистинско објаснување. Американските медиуми пишуваа дека братот и сестрата почнале да си одат на нерви.
Каде е Џејмс денес?
Бидејќи повеќе не одржува блиски односи со Анџелина, Џејмс се повлече од јавноста и сега води многу скромен живот, барем за некој со холивудски корени. „Дејли мејл“ минатата година напиша дека живее со својата долгогодишна партнерка Ешли Рејн, инструкторка по карате, во станбен комплекс со ниска кирија во Лос Анџелес.
Џејмс е фотографиран само неколку пати во последната деценија, а најчесто во друштво на неговиот татко Џон Војт, а овој 50-годишник изгледа нешто поразлично од порано, само е премногу ослабен.
Фото:screenshot/youtube