Јелена Розга никогаш не држела диета: На 45 години изгледа подобро од било кога - откри во што се крие тајната

Јелена Розга на многумина им е омилена пејачка, но и на многу жени им е идол кога  е нејзиниот физички изглед во прашање...

Таа е една од најголемите регионални ѕвезди. Неодамна одржа концерт за паметење во преполната „Штарк“ арена во Белград, а покрај своите неверојатни вокални способности, ја покажа и перфектната линија. 

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

И покрај тоа што се приближува до 50-тата година, нема ниту еден грам вишок, а сега откри и до кои совети се придржува.

„Многу спијам, никогаш не конзумирам алкохол. Јас не знам каков е вкусот на виното и останатите такви производи. Во главно пијам вода, пред неколку години ги исфрлив газираните сокови, првенствено поради срцето и тироидната жлезда. Одам на масажи, лесни терапии и многу малку се шминкам“ - изјави таа за медиумите, а потоа додаде:

„На сонце не излегувам, порано се прашуваа како е можно да сум толку бела, а сум од Сплит, но навикнаа досега дека тоа сум јас“.

Своевремено изјави дека поради проблемите со тироидната жлезда не може да се здебели. Во далечната 2006 година открила дека боледува од хипертиреоза, а пред 4 години ѝ била дијагностицирана и тахихардија.

За време на гостувањето во една емисија откри дека за нејзиниот изглед е заслужна генетиката, но и дека не тренира:

„Не тренирам, но сум многу активна и енергична, тоа многу ме троши. Најверојатно и генетиката и класичниот балет со кој се занимавав до пред да почнам на пеам во групата „Магазин“, па себе можам да си дозволам по свирка да изедам бурек, да испијам јогурт и да си легнам да спијам.“

фото: Принтскрин / Инстаграм