Јелена Спенџарска се сели во Сoлун: Не заминувам засекогаш, ќе биде интересно
Познатата водителка Јелена Спенџарска е во среќна врска веќе неколку месеци
На почетокот таа не го откриваше идентитетот на момчето, но за новогодишните празници конечно покажа како изгледа нејзиниот Лукас.
Имено Лукас е Грк кој живее во Солун, а токму тоа е причината за Спенџарска да се пресели таму.
По тој повод објави две фотографии под кои детално објасни што планира:
„Времиња кога Солун ми беше само викенд дестинација 3-4 пати годишно и ни во најлуд сон не замислував дека преку две улици од овде еден ден ќе го пијам своето кафе понеделник наутро со човекот во кој сум вљубена и ќе ми рече - „Остани засекогаш“. OMG, сè е возможно во животот! Сè!“ - напиша Јелена под стара фотографија од Солун.
„Работата на телевизија си продолжува иако нема веќе да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун. Морам да бидам и таму но и тука, сепак имам и доста приватни ангажмани, брендови со кои соработувам во Скопје кои бараат и физичко присуство. Не заминувам засекогаш. Тука сум и колку што можам им стојам на располагање на сите, плус не зезајте, еве го кај е. Ќе биде интересно.“- додаде таа.
Таа објави и видео од Солун под кое напиша дека е подготвена.