Јелена Томашевич: „Горда сум што токму таа е моја мајка“

Добивај вести на Viber

Пејачката Јелена Томашевич сподели статус на фејсбук со кој им оддава почит на сите здравствени работници, а најмногу на мајка и, за кој што сподели дека е горда што токму таа е нејзина мајка.

„Мајка ми Снежана е главна медицинска сестра на неврохирургија во Клиничкиот центар Крагуевац. Нејзината професија е да се грижи за другите луѓе, но таа и онака целиот свој живот, безрезервно им помага на сите околу себе, на оние што ги познава и на оние што не ги знае. Нејзиното срце е исто толку големо како универзумот и јас сум горда што таа е моја мајка.“ - напиша пејачката.

„Вечерва во 20 часот повторно, со моето семејство  ќе им се заблагодараме со аплауз на сите здравствени работници, на нашите вистински херои и на мајка ми која е мојот херој!“, и воедно, таа преку хаштази упати и апел да бидеме одговорни и да останеме дома.