Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ живеат во луксузна вила: Воопшто не штеделе, секој би посакал ваков рај (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Куќата во која живеат Иван и Јелена е уредена со одличен стил

Ретко, но сепак тоа се случува, Иван на својот Инстаграм профил објавува фотографии на кои покажува како изгледа нивниот рај, а познато е дека куќата е на два ката и има прекрасен двор полн со зеленило, каде го поминуваат поголемиот дел од времето во лето.


Кога беше донесена одлука да се продаде станот во центарот на Белград и да се преселат во периферијата, нов дом на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ стана куќа на Вождовац. Веќе неколку години луксузната двокатна куќа е оаза на мирот за брачната двојка, а опкружена е со прекрасен двор со цветна градина и четинари, а убаво уредениот ентериер е за пофалба.


Многу љубов, труд и време е вложено во нивниот дом, поточно во неговата декорација, но бидејќи „куќата е јама без дно“, актерот и пејачката неодамна повторно мораа да почнат да ја уредуваат.

Станува збор за внатрешноста на имотот, ѕидовите и прозорците, кои поради големите обврски на поп-ѕвездата и драмскиот уметник останаа без завеси и тапети. Штом најдоа слободно време, Иван и Јелена решија да се позанимаваат со тоа, а деталите за одлуката за тоа кои бои, дезени и модели да ги изберат, ги споделија со своите следбеници на „Инстаграм“.


По голема веројатност брачниот пар има различни вкусови, но не се сомневаме дека некако ќе се договорат и ќе ја направат својата прекрасна вила уште поубава.

Извор: www.espreso.co.rs