Јулија 12 дена јаде само банани: Промените се многубројни, а еве што велат лекарите
Бананите се овошје богато со растителни влакна кое има многу добри здравствени придобивки. Токму овие влакна прават да се чувствуваме сити подолго време, тие можат да помогнат и при слабеење, а нутриционистката Јулија Тарбат спроведе мал експеримент за да утврди точно како бананите влијаат на слабеењето.
Јулија јадеше само банани дванаесет дена, со цел да ослабе и да го прочисти телото, покрај тоа што следеше одредени правила и доаѓаше до важни заклучоци.
Јадеше само банани колку што сака, но ништо друго, повремено додавајќи малку зелена салата во последниот оброк во денот, консумирајќи само зрели банани, внимавајќи да внесе ист број калории што вообичаено внесувала додека се исхрануваше нормално.
Пиеше многу вода и до три литри дневно и ги правеше вообичаените физички активности, а доста и одмараше бидејќи телото ѝ поминуваше низ фаза на детоксикација и поправка.
Истражувањата покажаа дека бананите можат да бидат совршена помош за слабеење. Просечната банана има околу 90 калории, што е многу помалку од некое чоколатце што би го изеле. Содржи и многу растворливи влакна, што значи дека ја апсорбира водата и го забавува варењето.
Резултатите од диетата
Јулија вели дека цело време додека ја следела оваа диета, цели 12 дена, се чувствувала одлично и немала никакви несакани ефекти. Таа истакнува дека нејзината состојба на умот била многу јасна, дека била концентрирана и ефикасна во извршувањето на задачите. Исто така, добро расположена и немала нагли промени во расположението.
„Не чувствував надуеност во стомакот, а цревата ми беа толку тивки. Се чувствував и поопуштено, позитивно и покреативно“, објаснува Јулија.
Така, ако и веруваме на Јулија, нејзиниот експеримент бил успешен, но таа не ослабела. Сепак, лекарите апсолутно не се согласуваат со овој ригорозен режим.
Д-р Дејвид Хебер истакна дека оваа диета не е добра бидејќи бананите не содржат протеини, „најважната хранлива материја која го контролира апетитот и метаболизмот“.
Најважно е не само да ослабете, туку и каква ќе биде структурата на телото после тоа. Ако гладувате или јадете само јаглехидрати, половина од тежината што ќе ја изгубите ќе бидат мускули. Секој половина килограм мускул што ќе го изгубите, го успоруваат вашиот метаболизам со 14 калории дневно.. Кога ќе изгубите околу половина килограм мускули, вашето тело ќе согорува околу 140 калории дневно помалку. Внесување протеини со јадење различно овошје и зеленчук со ограничен внес на јаглени хидрати е клучот за здраво слабеење“, заклучи д-р Хебер.
Извор: zena.blic.rs