Јулија Енгел- Mодна блогерка што инспирира !

Добивај вести на Viber

Млада инспиративна дама!

Слатката 27-годишна Јулија Енгел, го креираше својот блог уште од 2011-та година, додека студираше маркетинг. На самиот почеток, не знаела ништо за блогирањето, ниту за што поточно сака да пишува. Само била убедена дека мора да создаде нешто ново и креативно. Едно априлскo утро, Јулија ја пишува својата прва приказна на блогот Gal Meets Glam, а во текот на целата година блогот станува успешен.

За време на своето блогирање, таа го запознава фотографот Томасон Беролзејмер, а веќе во мај 2012-та година стапуваат во брак и се преселуваат во Сан Франциско. Од 2013-та година, таа потполно се посветува на својот блог, и почнува да работи полно работно време.

Живописната облека и позитивната личност што таа ја поседува, дефинитивно е комбинација која привлекува многу луѓе. Модниот стил на Јулија во текот на годините дефинитивно се менува, и се развива во еден женствен и вонвременски класичен стил. Таа вложува во модни парчиња кои можат да се носат со децении, но исто така сака и да комбинира скапи модни парчиња со поевтини модели. Нејзините омилени веб продавници се Net-A-Porter, Shopbop, ASOS, а омилени жени кои ја инспирираат се Мирослава Дума, Миранда Кер, Оливија Палермо и Дијана Кругер.