Каде е денес султанката Хатиџе? Селма Егеч има неверојатна биографија, силен карактер од детството, но и еден порок

Турската актерка која ја глумеше султанката Хатиџе во серијата „Величенствениот“ постигна мноу во текот на своите 20-ти години...

Серијата „Величенствениот“, најпознатата и најуспешната турска серија во историјата, постигна огромна популарност во светот, а на Балканот направи вистински „бум“.

Во сите земји на поранешна Југославија беше неверојано гледана, а и денес многумина знаат да ја изгледаат одново.

Многу ликови од оваа серија ги освоија симпатиите на публиката, а помеѓу нив беше и султанката Хатиџе, жената со интересна и трагична биографија, сестрата на султан Сулејман и сопруга на Ибрахим - паша Пагалиј, која ја глумеше популарната и преубава турско-германска актерка Селма Егеч.

Таа оваа година полни 45 години, но кога ќе ги погледнете нејзините фотографии ќе забележите дека актерката не се променила многу откако ја гледавме последен пат во улогата на Хатиџе.

Инаку, Селма е родена во германскиот град Хам, како дете на турски имигранти, а во едно интервју тврди дека татковата страна на семејството потекнува од османлискиот султан Махмуд Втори.

Актерката, инаку, зборува германски, англиски, турски, француски и италијански јазик, а три години студираа медицина на Универзитеотт во Минстер, а потоа психологија и филозофија на Универзитетот во Хаген.

Со моделинг почнала да се занимава во 2000 година, а тоа ѝ ги отворило вратите на филмскиот и телевизискиот свет, и тоа сосема случајно.

„На една тинејџерка ѝ понудија улога во некоја серија, но нејзината мајка не ѝ дозволи да снима. „Можеш ли да глумиш девојка од 16 години?“, ме прашаа потоа мене. „Зошто да не би можела?“, им одговорив и така почна“ - откри своевремено актерката.

Првата улога ја забележила во 2005 година, а додека да ѝ биде понудено да ја глуми султанката Хатиџе, зад себе веќе имала богата и успешна кариера.

Од септември 2015 година е во брак со Чан Оз, на кого му кажа „да“ во својот роден град во Германија, а следната година двојката ја доби ќерката Јасмин.

Како што истакна во едно интервју, кога имала само 9 години, еден ден дошла дома и им кажала на родителите дека повеќе нема да јаде месо, а иако многумина ја убедувале да ја промени одуката, таа тоа не го направила. 

View this post on Instagram

A post shared by Selma Ergeç (@selmaergecofficial)

Не ѝ било секогаш лесно, бидејќи како што раскажуваше, во Германија имало многу искушенија, но во Турција троезите гледала нешто што го нарекува рај.

„Турската кујна навистина е по мерка на вегетеријанците. Доколку во менито нема јадење за нив, келнерот веднаш кажува дека тоа не е проблем и прави нешто што тие можат да го јадат“ - раскажа воодушевената актерка во една прилика.

Сепак, таа не крие дека не е секогаш карактер - на цигарите со години не можела да им каже „не“.

View this post on Instagram

A post shared by Selma Ergeç (@selmaergecofficial)

„Живеам здраво, а единствен порок ми се цигарите, едноставно не можам да се откажам од нив“ - призна Селма Ергеч.

фото: Принтскрин / Јутјуб