Како Алесандра Амбросио го започнува својот ден?!

Добивај вести на Viber

Алесандра Амбросио за CDG откри како изгледа нејзината beauty рутина, што јаде и како останува во форма. Денот обично гозапочнува во 7 часот, кога најчесто се буди се без аларм, а потоа започнува да подготвува појадок за себе и за нејзините две деца.

Појадокот обично е составен од варени јајца со кокосово масло, авокадо за свеж овошен сок или некоја друга нутритивно избалансирана храна. Алесандра не го заборава ни утринското кафе, а потоа веднаш оди на тренинг. Секој ден вежба јога, пилатес и Бар метод, и тоа е составен дел од нејзината утринска рутина што таа ја практикува и во деновиве кога треба да стане во 5 часот наутро.

Пред да излезе од дома, се подготвува само 30 минути. Користи само виткач за трепки и коректор за само малку  „да го разбуди" лицето пред да излезе, бидејќи нема ништо поубаво од природно лице кое не се крие под тешките слоеви на шминка.