Како Брижит Макрон ја опиша Меланија Трамп?

Добивај вести на Viber

Животoт во Белата куќа е полн со ограничувања.

Првата дама на Франција, Брижит Макрон ова го сфатила при неодамнешната посета на Вашингтон со својот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон.

Во разговор за весникот „Л‘Монд“, Макрон откри дека животот на Меланија Трамп е многу ограничен и тоа може да објасни зошто таа често се појавува без емоции во јавност.

„Првата дама не може ништо да направи. Таа дури не смее да отвори прозор во Белата куќа. Таа не може да излегува надвор. Меланија е многу повеќе ограничена од мене, јас секој ден се шетам во Париз“- вели Брижит Макрон.

Таа забележува дека Меланија мора многу да внимава што ќе каже и како изгледа, бидејќи е под силна контрола од медиумите, но приватно, „таа е љубезна, шармантна, интелигентна, многу отворена“. 

Меланија е жена со силна личност, но не го покажува тоа. Многу лесно можете да ја насмеете, но поретко го покажува тоа од мене“- вели Брижит Макрон.

Таа, исто така, многу добро знае како е тоа кога медиумите ти ги извртуваат зборовите.