Како да го преживеете сексот, лагите и недвижниот имот и зошто младите луѓе си заминуваат од Хрватска?
“Weekend Masterclass“ во рамки на Гранд Парк Хотел Ровињ го носи Жан Клод Бивер, еден од најзначајните бизнисмени во индустријата на луксузни брендови
Викенд Медиа Фестивал во рамки на своето дванаесетто издание, во период од 19. до 22. септември,покрај на веќе познатото место во старата фабрика за тутун во Ровињ, ќе се одржи и во луксузниот Гранд Парк Хотел Ровињ каде ќе ги собере на едно место најрелевантните експерти од комуникациската индустрија од целиот регион. На предавањата, панел дискусиите и работилниците, ќе бидат актуелни голем број на теми, од стриминг услуги и влијанието на технологијата, па сѐ до селењето од Хрватска и промената во новинарството – теми кои сигурно ќе предизвикаат жестоки расправии.
Во Ровињ пристигнува еден од најзначајните бизнисмени во индустријата со луксузни брендови, кој го нарекуваат и спасител на швајцарската индустрија со часовници – легендарниот предводник на “Tag Heuer“и“Hublot“ –Жан Клод Бивер.Тој ќе одржи предавање во рамки на “Weekend Masterclass“во престижниот Гранд Парк Хотел во Ровињ. Бивер е еден од највлијателните личности во светот на часовниците. Овој голем маркетинг експерт ќе раскаже како прв вклопил луксузен бренд во светот на фудбалерите, како изгледала соработката со Синди Крафорд, Михаел Шумахер и Пирс Броснан, како и која е причината што победниците на Формула 1носат само негови часовници.
Директорот на Фестивалот, Томо Рицов, нагласува дека Викенд Медиа Фестивал секоја година вложува енергија да внесе некоја новост, за на своите учесници и посетители да им понуди нешто ново и неочекувано. „Оваа година создадовме нов формат предавања – “Weekend Masterclass“, кој ќе се одржи во Гранд Парк хотел. Сигурен сум дека новата Викенд локација ќе ги воодушеви нашите посетители, затоа што Гранд Парк постави нови стандарди кога станува збор за луксузната понуда во Хрватска. На Фестивалот оваа година одбележуваме и 50 годишнина од прочуениот Вудсток. Пораката која е зад овој легендарен фестивал е сѐ уште применлива и денес, затоа што во време на растечки популизам, на светот навистина му треба повеќе мир, љубов и комуникација“ – изјави Томо Рицов.
Оваа година, програмата на Викенд Медиа Фестивал ќе обедини повеќе од 150 предавачи и панелисти. Панелот“Како да го преживеете сексот, лагите и недвижниот имот“сигурно ќе крене многу прашина, а ќе ја опфати темата за грешките при комуникацијата во политиката на кои секојдневно сме сведоци. “Жешка“ тема со која Хрватска се соочува е иселувањето, па затоа на панелот “Зошто луѓето си одат и можат ли бизнисите да го преживеат нивното заминување?“ ќе се дискутира дали бизнисите може да се прилагодат на новонастанатите ситуации и што тоа значи за целокупниот пазар.
Со актуелните трендови во медиумите ќе се занимава панелот “Новинарство и социјални мрежи“ во чии рамки учесниците ќе коментираат како новинарството се променило под притисок на социјалните мрежи и инстант вестите, како и панелот именуван со популарниот термин “Spotlight“ во чии рамки ќе се дискутира зошто довербата во медиумите се намалува и кои се последиците за средината.
Директорот на програмата на Фестивалот, Никола Врдољак, нагласува дека на Викенд Медиа Фестивал, преку целите на панелите и предавањата ќе се дискутира околу тоа дали навистина сме, или не, разочарани од технологијата. „Денес сме сведоци на судирот на Силиконската долина со државниот апарат и реалниот свет. Регулаторите на различни земји се натпреваруваат кој построго ќе ги казни американските гиганти “Фејсбук“, “Епл“, “Амазон“, “Нетфликс“ и “Гугл“. Кој ќе победи во глобалната војна и како медиумскиот свет ќе изгледа по растечкиот технолошки отпор од страна на јавноста ќе се дискутира во панелот "Марк издржи! Како Цукерберг и пријателите ќе го преживеат глобалниот технолошки отпор?" – најавува Врдољак.
На панелите “Kids, kids, kids: Како да креирате добра содржина за деца?“ и“Дигитална Добросостојба“говорниците ќе дискутираат околу содржината за дигиталните генерации и како квалитетно да го организираме животот во време на интернет и мобилни уреди.
Овој Викенд Медиа Фестивал, особено интересна ќе биде интерактивната работилници “ЕдШираннаспроти Петар Грашо“во чии рамки тројца радио професионалци ќе создадат радио формат кој се темели на резултатите на брзиот музички тест спроведен со присутната публика и ќе одговараат на прашања. Дали навистина Ед Ширан мора да биде емитуван на секои четири часа и на кај начин домашната и странската музика станува дел од програмата се само дел од прашањата на кои очекуваме одговори.
Дали “Нетфликс“ ќе ја преживее силната конкуренција, што може да се очекува од “Дизни+“, а што сево ова значи за корисниците и како големиот број на достапни услуги ќе влијае на креирањето локални содржини, се само дел од прашањата кои ќе бидат одговорени во рамки на панелот “Streaming Wars“. Стриминг платформите драматично го променија аудиовизуелниот пејсаж ширум светот, драматичните серии веќе одамна ги ставија филмовите и холивудските блокбастери во втор план, а пристигнувањето на најголемите – “Дизни“, “Епл“ и Тим Ворнер, во стриминг арената допрва се очекува.
Во рамки на панелот “Content is the king! Again!“ќе биде откриено каква е сегашната ситуација кога станува збор за телевизиската содржина, какви се трендовите на глобално ниво и како се снаоѓаат Хрватска и Регионот во оваа област.
И оваа година главен партнер на Викенд Медиа Фестивалот е Адрис Групацијата, која од самиот почеток го поддржува овој фестивал и е негов незаменлив член кој низ единаесетте години постоење го позиционира како единствено место кое ги обединува комуникациските стручни лица и медиумските претставници.
„Викенд Медиа Фестивал е дел од инвестициските напори на Адрис Групацијата за зголемување на квалитетот на понудата во Ровињ. Ровињ денес претставува луксузна туристичка, како и препознатлива дестинација за организација на настани. Во ова голем и значаен придонес има Викенд Медиа Фестивал кој е меѓу првите, а и понатаму е најголемото и најдолготрајното случување со кое нѐ прави горди домаќини и генерални покровители уште од првото издание. Успехот и долготрајноста на фестивалот произлегува од неговиот фестивалски концепт кој обединува внимателно креирана едукативна и забавна програма и уникатна локација на стара фабрика, на овој начин креирајќи еден вид мал фестивалски град идеален за креативна претстава.“, - изјави Кристина Милјавац од одделот за Корпоративни Комуникации на Адрис Групацијата.
Се одбираат најдобрите регионални дигитални трудови во рамки на седмото издание на “SoMo Borac“, како и најдобрите проекти во рамки на осмата регионална ревија “BalCannes“
Во организација на Хрватската Асоцијација на Комуникациски Агенции (HURA) и Викенд Медиа Фестивалот, оваа година се одржува осмиот по ред “BalCannes“во чии рамки ќе се вреднуваат најдобрите агенциски проекти од осум земји од Регионот. “BalCannes“ е познат по својот уникатен концепт во чии рамки 25 најдобри проекти од изминатата година се одбрани од страна на агенциите, медиумите и огласувачите. Истовремено, оваа ревија е позната и по желбата на организаторот да делува за подобрување на оваа дејност. На “најголемиот лав“ од сите и добитник на наградата, организаторите на “BalCannes“, ќе го покријат трошокот за пријавување на еден проект на натпреварот “Cannes Lions 2020“. Агенциите од целиот регион своите проекти може да ги пријават до 1. септември 2019 година.
Најважната регионална дигитална награда, “SoMo Borac“, исто така ќе биде доделена на Фестивалот и на ќе открие кој изработил најдобри дигитални кампањи во девет категории. “SoMo Borac“ се доделува седма година по ред, а до сега во изминатите години беа добиени вкупно 765 пријави, беа доделени вкупно 124 статуетки, избрани 54 победници од страна на стручното жири кое вкупно броеше 122 члена, а настаните за доделување на наградите беа проследени од околу 2.300 посетители. Оваа година, категоријата “Viral Blockbuster“ е заменета со нова категорија – “One-Hit Wonder“, а во нејзини рамки се наградува една, единствена објава која предизвикала лавина реакции, коментари, споделувања и со самото тоа постигнала огромен успех. Пријавите се веќе отворени и ќе траат сѐ до 3. септември.
Покрај конструктивните и провокативни дискусии, Викенд Медиа Фестивал е познат и по најдобрите забави. И оваа година организаторите подготвуваат разнолика музичка програма и дружење до доцните вечерни часови. Новина оваа година е “Викенд пакетот“ кој овозможува резервација на пакет – сместување и котизација за фестивалот.