Како да остарев 20 години за година и пол: Исповед на поранешна новинарка која се бори со „долг ковид“
Ник Мичел е една од првите пациентки на која ѝ е дијагностициран „долг ковид“.
Поради здравствени компликации и симптоми на ковид-19, кои траеја повеќе од една и пол година, таа не беше во можност да ги шета ниту своите миленици.
Ник Мичел, поранешна новинарка на Би-Би-Си, за британскиот портал „Метро“ изјави дека има чувство дека остарела за 20 години и дека по година и пол борба со ковид има само половина од силата што ја имала некогаш.
Ник е една од тројцата пациенти во Велика Британија кои воделе долга битка со ковид, со видливи последици, а живеела активен и здрав живот пред инфекцијата.
Започнала да се занимава со велосипедизам во триесеттите години, а сега се бори да стане од столот.
- Се обидувам да останам расположена и позитивна. Болеста направи да верувам дека никој не се грижи за мене.
Ник имала денови кога не можела да стане од кревет и денови кога ќе се разбудела надевајќи се дека е подобра и дека агонијата завршила.
- Чувствував страшна вина кога сфатив колку е заразен вирусот и колку лесно се пренесува. Се борев со разни симптоми - од чувството дека имам змеј во белите дробови, отечено лице, преосетливост на светлина, отекување на колената...
Ник е среќна што после 18 месеци конечно може да ги шета своите кучиња и се надева дека сè ќе исчезне наскоро и таа ќе продолжи да живее нормален живот.
извор:zena.blic.rs