Kaко да се преболи раскинување?

Добивај вести на Viber

Ново истражување покажува дека во такви случаи во мозокот, љубовните маки дејствуваат на начин како и зависноста, пишува „Лајвсаенс“.

Можно е луѓето кои неутешно страдаат поради згасната љубов да имаат и биолошки, односно медицински причини поради болката. 

Кога мажите и жените со „скршени срца“ гледаат фотографии од поранешните партнери им се активираат деловите на мозокот поврзани со задоволството и зависноста, контрола на чувствата, физичката болка и тагата, покажало истражувањето. Тоа објаснува зото во некои екстремни случаи, луѓе посегнуваат и по својот живот.

„Љубовта е зависност. Тоа е силна, убаваа зависност кога се оди добро, но ужасна – кога работите ќе тргнат удолу“-вели авторката на трудот Хелен Фишер, биолог-антрополог од Универзитетот Рутгерс. Фишер додава дека ова е поврзано со еволуцијата.

Во трудот уште се сугерира дека лекот за таа загуба не е тагување во тишина, во себе, туку разговорот, кој може да има и терапевтско дејство.