Како денес изгледа Том кој е роден со кожа на шар-пеј: При раѓањето имал толку многу кожа што не му се гледало лицето

Добивај вести на Viber

Необичностите се дел од нашата планета, но синдромот од кој во тој момент боледувал Том бил единствен. Научниците тогаш рекоа - тој има кожа како Шар-пеј.

Том Тенет е роден со вишок кожа, а лекарите се шокирале кога го виделе. Количината на кожа што ја имал како бебе би одговарала на петгодишно дете. Оттогаш родителите тргнуваат на пат полн со борба и тешки моменти бидејќи неговото растење не било воопшто лесно. Тој денес изгледа сосема нормално и речиси е незамисливо кога ќе го споредите со неговите слики од детството.

Роден е во 1993 година во југоисточна Австралија со посебна состојба која ги изненади сите. Пред да се роди, ултразвукот веќе покажал нешто многу необично, што ги навело неговите родители да се запрашаат дали го зачуват или не. За среќа, таткото на Том го направил вистинскиот избор. „Разговаравме за тоа и решивме да се роди“, рече неговиот татко Џеф Тенент. 

Ниту една количина на тестови или испитувања не можел да ги подготви за сериозноста на состојбата на Том. Кога неговите родители првпат го виделе во родилната сала, биле целосно изненадени. Мајката на Том, Деби Тенент, не можела да им поверува на своите очи кога тој бил  ставен на нејзините гради.

„Срцето ми беше во грлото, но во исто време беше прекрасно да го гушнам и да го помирисам“, рече таа. Том целосно ги збунил лекарите. Бидејќи причината била нејасна, не бил достапен третман или решение. Нивната единствена надеж била дека како што ќе расте, природно ќе се смести неговата кожа и ќе се намалат брчките. 

Тој останал во болница околу два и пол месеци, што билопредизвик за истражувачите. Откриле дека Том има вишок на хијалуронска киселина во телото, како кученцата Шар-Пеj. Неговите нивоа на оваа супстанца биле многу повисоки од нормалното. Интересно е тоа што како што расте Шар-Пеj, нивото на оваа супстанца се намалува и кожата се менува. Лекарите верувале дека истото може да му се случи и на Том.

Д-р Ендрју Рамсден рече дека состојбата на Том веројатно ќе се подобри како што ќе старее и тој бил во право! Состојбата на Том се подобрувала со текот на времето, исто како што мислел  лекарот. Тој се соочил со предизвици во раните години, доживувајќи задевања и исфрлање од училиште поради неговиот препознатлив изглед. Иако сè уште имал мали физички разлики, тие биле помалку забележливи во споредба со времето кога се родил.

Поминаа 30 години од раѓањето на Том, а неговиот сегашен приватен живот е малку мистерија и многу малку се знае бидејќи тој не е особено активен ниту на социјалните мрежи.

На неговиот Фејсбук профил можете да видите дека е среќно оженет. „Животот е едноставен. Ти избираш и не гледаш назад“, напиша Том во една од своите објави.


Фото: Фесјбук/Youtube - screenshoot