КАКО ДО ПРВАЧИЊАТА СТИГНАЛО НАСТАВНОТО ЛИВЧЕ? Зашто Директорката Кирковска упорно молчи?
Реакциите за наставното ливче кое пред две недели им беше доделено на првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“, а на кое се претставени двајца таткови и дете, за што Коалицијата за заштита на децата, како и многубројни граѓани сметаат дека се врши ЛГБТИ+ индоктринација на првоодделенците во тоа училиште, се вжештуват уште повеќе. Гневот и лутината кај нив се зголемува бидејќи ценат дека директорката на училиштето Соња Кирковска свесно излажала дека во таа наставна задача се претставени татко со два сина и мајка и ќерка.
Истиот одговор, како и тоа дека нема ширење на никаква геј пропаганда го доби и Фактор веднаш по обелоденување на целиот случај. Но откако беше утврдено дека станува збор за слика поставена на австралиска веб страница на која се претставени двајца татковци и дете, Фактор во изминативе денови постојано се обидуваше да стапи во контакт со директорката Кирковска со цел да добие одговори како токму тоа ливче е избрано за да им се покаж на првачињата дека како згрижувачко семејство.
Деталите читајте ги на Фактор на овој линк: