Како изгледа куќата за која Ела Дворник се бори со поранешниот сопруг: Вистински рај, не е ни чудно што се во војна
Ела Дворник на суд се бори со нејзиниот поранешен сопруг Чарлс Пирс за куќата во Истра која ја купи пред две години
Подигнала кредит и како што откри нејзината баба и сама го отплаќа. Семејството се преселило таму од Загреб, каде што живееле како подстанари, а Ела тогаш на Инстаграм напиша дека не ни сонувала дека ќе живее во мало гратче покрај море со нешто повеќе од 1.000 жители.
По разводот, инфлуенсерката била видена во Загреб, а многумина мислеле дека се вратила во родниот град, но таа набрзо демантираше. Таа не ја дава куќата и енергично ќе се бори на суд да докаже дека тоа е само нејзин имот што не треба да го дели со поранешниот сопруг.
Ела ја покажа куќата на Инстаграм веднаш штом се пресели. Катче од новиот дом му посвети и на нејзиниот покоен татко, музичката ѕвезда Дино Дворник. Имено, негова слика беше поставена на ѕидот, а оваа глетка шокираше многумина.
- Да ми кажеше некој пред пет години дека ќе живеам со две деца, речиси на село со нешто повеќе од илјада соседи, ќе се обложив дека тоа никогаш нема да ми се случи. Прво, дека воопшто ќе имам дете, а камоли две, па дури потоа конечно ќе се префрлам од станар во сопственик, и тоа не во голем град, туку на мало, мирно место. Па, и тоа се случи. А гласот на мојот дедо Борис ми одѕвонува во главата веќе неколку дена – напиша Ела на Инстаграм по вселувањето и додаде:
- Чудното нешто што секогаш ми паѓа на ум е тоа што во последните пет, шест години, откако се вратив во Загреб, платив повеќе кирија отколку што плаќам сега за заем за куќа покрај море.
Она што може да се заклучи од фотографиите на Инстаграм на сите членови на семејството е омилениот простран двор каде има удобна софа, како и голема тревна површина каде си играат нејзините деца.
Извор: glossy.rs