Како ја убив љубовта: По 12 години брак, тој реши да замине. Не можеше повеќе да издржи!

Ќе ви кажам што направив за да престане да ме сака. Се разбира, го направив тоа потполно несвесно

Бевме во брак 12 години, а потоа тој одлучи дека е време да се разведе. Иако на почетокот бев изненадена, кога размислував за нашиот брак сфатив дека сум ја убила љубовта многу одамна. Сопругот немаше друг избор, освен да ја закопа.


Еве што направив:

1. Не му покажав дека го ценам, дека сум му благодарна

Затоа што, мислев дека не е потребно - дека тој веќе знае се. Бевме во врска 6 години, а потоа поминавме 12 години во брак. Не мислев дека треба да му ласкам.

2. Не го прифатив каков што е навистина ...

Сакав тој да биде херој на романтичен филм што ми се случуваше во главата. Јас инсистирав да ме носи на долги прошетки, иако тој не беше таков тип. Го терав да ме слуша со часови додека му раскажував за секој момент од мојот ден, иако тој очигледно сакаше да чита или само да гледа во телефонот ....

3. Сексот стана рутина ...

... за мене. Тој работеше напорно, и јас некако дојдов до точка кога само ја исполнував мојата брачна должност.

4. Мислев дека тој мора да биде со мене секогаш и во сè!

Имам проблем - му се јавувам на сопругот. Нешто треба да се поправи, среди, купи - ќе се јавувам на сопругот. Беше толку лесно и едноставно, што дури и не забележав дека го повикувам поради глупостите што можам да ги решам самостојно.

5. Престанав да го гледам како маж

Едноставно, бев со него толку долго што дури и не забележав дали ќе се здебели, ќе ослабе и сл. Тоа го натера да се чувствува невидлив.

6. Очекував да биде цело време со мене - освен кога беше на работа

Си помислив: тој е мојот сопруг, со кој друг ќе биде освен со мене. Кога тој одеше на натпревар, јас одев со него. Тој немаше свое време - само нашето.

7. Ги знаев расвордите од неговата е-пошта, Фејсбук, Инстаграм, телефон ...

Кога ќе му заsвони телефонот, одговарам. Кога ќе пристигне порака - одговарам. Едноставно, не гледав ништо лошо во тоа.

8. Кога нешто не чинеше во брак - го обвинував

Му велев: „Треба да работиш малку повеќе!“ - Никогаш не ги преипитував моите дела и зборови.

9. Имам таква природа што сè претворам во драма

Знаев дека тоа го мрази, но мислев дека повеќе ме сака. Сепак, тој стигна до точка во која веќе не можеше да толерира. Често велеше: „Како да живеам во театар! Од се правиш драма!“

10. Бев лута „како тој не знае што мислам. Па, ние сме заедно толку долго, тој треба да знае сè за мене, секоја промена на расположението ..."
Помислив дека може да ми го прочита умот, дека веќе нема потреба да му кажувам сè искрено и отворено.

И тогаш еден ден реши да замине. Отпрвин бев шокирана, но сето ова, горенапишаното, излезе на виделина. Му направив страшна драма, а потоа посесивно решив дека не може да ме остави.

Бидејќи беше упорен во својата одлука, се разведовме. Дури со години подоцна, сфатив кај грешам. Заклучив дека веројатно несвесно ја убив неговата љубов кон мене, бидејќи престанав да го сакам како маж и сопруг. Не се сетив малку да ѕирнам во мојата душа. Чекав, како и секогаш, да го реши проблемот.


Фото: Shutterstock

Можеби ќе ве интересира: