Како модел со деколте од милион долари: Тамара издоминира со изгледот за настап во Скопје

Добивај вести на Viber

Изглед во кој досега не сме ја виделе. Тамара Тодевска со секој нов изглед докажува дека навистина работи на себе.

За настап во познато скопско кафуле, пејачката му се довери на познатиот македонски моден дизајнер Игор Марков, кој ја стилизираше со облека од познат бренд. 

Конкретно за настапот пред скопската публика, Тамара одбрала широки панталони и наметка во кафена боја, а она што остави впечаток е горниот дел – топ изработен од светкав бакарен материјал. Во него Тамара ги истакна нејзините гради, со умерена доза на сексапил и провокативност. Специфичните високи потпетици одлично се вклопија во целиот изглед на пејачката.

На настапот Тамара неизмерната поддршка ја имала од нејзиното момче Лука, блиската пријателка Катарина Ивановска, како и нејзиниот близок соработник фотографот Мартин Трајановски.

Фото: Инстаграм/ Мартин Трајановски