Како можете да бидете најдобар лекар себе си на едноставен начин
Еден кинески мудрец рекол:
- Кога си болен, оди на лекар, тој ќе ти даде рецепт - и лекарот мора да живее.
- Ќе одиш во аптека со рецепт, ќе земеш лекови - и фармацевтот мора да живее.
- Кога ќе добиете лек, фрлете го - мора и вие да живеете.
Нашето тело е најдобриот лекар, програмирано е 24 часа на ден да го поправа и одржува нашиот организам во најдобра состојба. Само не треба да му отежнуваме. Така било отсекогаш.
Ние сме наши најдобри фармацевти кога на телото му даваме природна храна како лек. Луѓето, за жал, отстапуваат од тоа и му даваат на телото погрешен „лек“ (храна) и му одмогнуваат на тој процес.
Храната нека ви биде лек, лекот нека ви биде храна – рекол Хипократ
Тие даваат погрешна храна на душата - негативни мисли, а со тоа создаваат негативна средина и негативни настани. На тој начин полека ги создаваат предусловите за болеста, т.е. за отстапување од нашата природна состојба – на здравјето.
Еве како можете да бидете вашиот најдобар лекар на едноставен начин:
- Запомнете колку сте моќни, целата Моќ е веќе во вас, не ја барајте надвор - погледнете длабоко во себе
- Дајте му на телото вистинска храна - Природна храна, пијте изворска вода - Жива вода, дишете свесно - длабоко
- Негувајте здрави мисли - создадете здрава средина, поканете позитивни луѓе и настани во вашиот живот
- Дружете се со Природата, вратете се кај неа, таа може и без нас – ние без неа тешко...
- Бидете во контакт со мајката Земја, чекорете по неа - одете боси
- Апсорбирајте го секој сончев зрак секогаш кога можете, така ја внесувате потребната енергија и создавате витамин Д
- Споделете несебично Љубов, колку повеќе давате - толку повеќе добивате
... и смејте се од срце.
Фото: unsplash
Извор: успешнажена