„Како можев да си го направам тоа себеси“: Една непромислена одлука ја направила непрепознатлива, сега со својата приказна им помага на другите (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Непромислена одлука ја направи непрепознатлива. Во само еден момент оваа прекрасна, весела девојка морала да се избори за живот.

Кејти Стаблфилд, девојката која преживеала обид за самоубиство, имала 18 години кога импулсивно решила да го земе пиштолот на својот брат и да си пука во лице.

Тој еден момент на очај го променил нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство засекогаш. Сега таа ја споделува својата приказна за да им помогне на другите.

Кејти секогаш била многу успешна и тежнеела кон големи работи и лесно ги надминувала сите пречки. Нејзините родители ја опишуваат како „мотивирано“ дете кое секогаш работело напорно и никогаш не попуштала пред притисокот.

Но, ненадејното раскинување со нејзиното момче и нервозата за одење на факултет биле премногу за Кејти. Кејти сподели дека во тоа време немала самоубиствени мисли, но донела „импулсивна одлука“ да се застрела.

Куршумот го промашил нејзиниот мозок, но направил непоправлива штета на нејзиното лице. Не само што вестите биле мрачни, туку и таткото на Кејти, Роб, ја сподели негативната прогноза на лекарите:

„Никогаш нема да јаде, нема да пие, никогаш нема да може да се капе, нема да зборува, ќе биде „растение“, едноставно ќе мора да го помине остатокот од животот во посебна институција.


Во тој момент, Роб одлучил дека не сака да се откаже од својата ќерка. Знаел дека е подготвен да се бори за да преживее.

Кејти Стаблфилд добила втора шанса

Кога Кејти се разбудила и сфатила дека го преживеала обидот за самоубиство, не можела да поверува што направила.

„Целосно се сетив што направив. Си помислив: „Како можев да си го направам тоа себеси“, но најважно: „Како можев да му го направам тоа на моето семејство“, споделила Кејти.

Во само еден момент оваа прекрасна, весела девојка морала да се избори за живот.

Лекарите успеале да ѝ реконструираат дел од лицето и ја препорачале како идеална кандидатка за трансплантација на лице.

„Тоа беше можност еден ден повторно да го имам мојот лик и мојот живот... Тоа беше многу тешка одлука за мене бидејќи знаев дека некој ќе мора да умре за да го имам тој лик.

Донатор на Кејти бил Андре Шнајдер кој починал од предозирање со кокаин. Три години и 22 операции подоцна, Кејти била повикана на трансплантација.

Во текот на целата нејзина ситуација, таа се борела да остане позитивна. Во нејзиниот болнички кревет, таа сподели дека чувствува дека тоа е „почеток на ново поглавје“.

За успешно извршување на операцијата биле потребни 11 хирурзи и ден и половина. Иако Кејти сега не личи на детето кое некогаш го знаеле нејзините родители, таа сепак е истата решителна девојка која го користи своето искуство за да им помогне на другите.

„Животот е прекрасен подарок и благодарна сум што ми се даде втора шанса да го живеам“, вели Кејти, „Многу луѓе ми помогнаа, а јас сега сакам да им помагам на другите луѓе“.