Топ 5 волшебни книги кои се совршен новогодишен подарок за секое дете
Во овој празничен
период, идеален и траен подарок за најмладите се книгите, кои ќе ги развеселат,
но и ќе го поттикнат нивниот развој и фантазија. Ако сè уште не сте одлучиле
што да изберете, ви претставуваме топ 5 книги во издание на „Либи“, дел од „Арс
Ламина – публикации“, кои се совршен новогодишен подарок за секое дете.
На листата се безвременските: „Си беше еднаш“ со најубавите бајки на сите времиња, „Нови бајки од Македонија“ – збирка од 24 современи бајки, новата илустрирана книга „Снежни приказни“ со 11 нежни приказни, „Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“ и „Волшебната елка“ – комплет со сликовница, книга со активности и боенка. Овие изданија се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk. Во продолжение, ве воведуваме во магијата на секоја од овие волшебни публикации, кои го топлат срцето и создаваат спомени што ќе траат цел живот.
1. „Си беше еднаш“
Оваа книга-ковчеже има и „златно клуче“ за отклучување и влез во најубавите бајки на сите времиња. Содржи избор од 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо, кои се внимателно селектирани и спакувани во ново руво, со нова раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска. Книгата е раскошно илустрирана од Наталија Лукомска.
Секое дете има
право на своја прва средба со бајките со кои пораснале генерации и генерации
претходно, заедно со нивните родители, нивните баби и дедовци. Да им читаме на
децата покрај нас и во нас, да читаме заедно со нив, за заспивање и за будење,
за воспитување и за уживање, за развивање на мечтите и на чувството за
праведност. Бајките се најсигурниот патоказ кон нивната иднина.
2. „Нови бајки од Македонија“
Ова е збирка од 24 современи, авторски бајки, кои го збогатуваат омилениот жанр на децата. Некои од нив се случуваат и во наше време, на наши предели и со препознатливи ликови од нашето опкружување, со што уште повеќе им се приближуваат на малите големи читатели. „Нови бајки од Македонија“ го удомуваат светот на бајките со коишто сме пораснати во македонскиот јазик.
Тие истовремено и го развиваат авторскиот глас произлезен од најубавата традиција на раскажувањето. Станува збор за новата, голема книга со 24 бајки, од 23 автори, кои беа селектирани за најдобри или влегоа во потесниот избор на конкурсот „Нови бајки од Македонија“ од 2020 година и кои беа објавени изминатите години како посебни сликовници или беа дел од книгата „Детелинки-белинки“. Новото издание е збогатено со нови, раскошни илустрации, кои ги нацрта Орце Нинески.
3. „Снежни приказни“
Уживајте со своите најмили во оваа прекрасна сликовница со единаесет нежни снежни приказни, од авторката Стефани Мос со илустрации на Силвија Филипчак. Оваа книга е одличен предлог за новогодишен подарок со кој децата ќе уживаат во секоја приказна за пријателите од шумата. Откријте дали мечето ќе ја заврши својата зимска дремка и дали зајачето ќе се снајде низ една снежна бура.
Дали снежните сладоледи на пингвинката ќе бидат подобри од она што го нуди фоката, дали ракунот ќе победи во натпреварот во плетење – и уште многу повеќе. Оваа особено живописна сликовница со убави приказни и илустрации ќе ги згрее срцата на дечињата пред заспивање во студените зимски ноќи и во текот на целата година!“
4. „Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“
Сликовницата „Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“ од Карис Бексингтон и Кејт Хиндли е топла, празнична приказна за добрината и радоста. Ова издание ќе ги стопли срцата на децата, но и на возрасните во овој претпразничен период. Во книгата се зборува за Принцезата Срце, која уште како дете му напишала писмо на Дедо Мраз, кое стигнало до него со огромно задоцнување, кога таа веќе станала зла Кралица на Земјата на чудата која мрази Божиќ.
Но, Дедо Мраз, веќе тргнат на пат во санката со впрегнати ирваси, решава да ја исполни и оваа заборавена желба. Така почнува волшебната небесна авантура во стихови што завршува со прекрасен пресврт – Кралицата Срце се зарекува дека ќе биде љубезна и добра.
5. „Волшебната елка“
Овие празници магијата доаѓа во три неодоливи изданија во форма на елка, кои ќе ја разбудат фантазијата и креативноста кај секое дете! Станува збор за три изданија: сликовница, книга со активности и боенка. Во фокусот на новогодишна приказна е елка која исполнува желби!
Дечињата од селото не ни сонуваа дека елката што ја украсуваат е волшебна. Ноќта, таа посипа ѕвезден прав врз нивните желби и ги претвори во реалност – авионче за Марко, кадифено мече за Јана и снег за Миа! Оваа приказна ќе ги стопли срцата на вашите најмили... Вашето дете заслужува да ја доживее магијата на Волшебната елка!