СЕНЕГАЛ, НИКАРАГВА, ГРУЗИЈА, АЗЕРБЕЈЏАН: Ги прашавме луѓето како ја слават Новата година

Добивај вести на Viber

Во многу земји има интересни обичаи поврзани со славењето на Новата година. Фактор разговараше со луѓе од Сенегал, Никарагва, Грузија, Азербејџан, со цел да дознаеме во каква атмосфера ги чекаат празниците, дали имаат организирани дочеци или се дома.

Амари Цисе од Сенегал вели дека ги слават и Новата година и Божиќ иако станува збор за муслиманска земја.

„Ние сме 95 отсто муслимани во Сенегал, но нашиот прв претседател во Сенегал беше христијанин, така што да го славиме Божиќ за нас е како култура и меѓу муслиманите и христијаните,  имаме добри односи. Заедно славиме сè. За Божиќ правиме вечера во кругот на семејството, тогаш можеме да ги запознаеме нашите братучеди, но и сите студенти имаат одмор за Божиќ и за Нова година. Има специјални забави, во хотели и во ноќни клубови. Поканети се познати уметници. Роден сум и израснат во Дакар, Сенегал. Јас сум муслиман и го прославував Божиќ. Добро е да се направи забава и луѓето да се забавуваат“, вели Цисе.

И млада девојка од Никарагва објаснува дека за Нова година се со најблиските, а на менито се неколку познати јадења од нивната кујна. Повеќе на Фактор.мк