Животна училница // Приказни
КАКО НА АПОКАЛИПТИЧЕН ФИЛМ: ЕВАКУИРАНИ ВО САЛА, СПИЈАТ НА ДУШЕЦИ- Еве што се случува на Родос и како се сместени евакуираните туристи
- 26 Јули, 2023
Уште една ноќ, пожарникарите и волонтерите на грчките острови Родос и Крф се бореа со огнената стихија, со оглед на тоа што пожарите сѐ уште се вон контрола, а од рано утрово повторно интервенираат и воздушните средства, јави дописничката на МИА од Атина.
На Родос пожарот е активен веќе деветти ден, а вчера огнените јазици беа многу блиску до села во југоисточниот дел на островот.
Слична е ситуацијата и во северниот дел на островот Крф, каде што во текот на вчерашниот ден имаше неколку разгорувања на активните жаришта во близина на населени места, кои превентивно беа евакуирани.