Како настанал хитот „Чија си“ на Тоше Проески?

Добивај вести на Viber

Песната со која Тоше Проески настапи на „Беовизија“ требало да ја отпее црногорскиот пејач Бојан Маровиќ. Авторката на рефренот кој стана хит во сите поранешни ЈУ-републики, Леонтина Вукмановиќ, призна дека легендарниот македонски пејач не бил нејзиниот прв избор.

- По низа настани, слушнав дека сепак Тоше ќе ја изведе таа песна. Најпрво бев збунет и малку потресен, но во еден момент си реков дека песната отиде кај тој кому му беше судена и ми беше мило што ја доби - откри Маровиќ во книгата „Ова не е крај“, романизираната биографија за Тоше, дело на познатата новинарка Соња Алексоска Неделковска.