Како преживуваат овие Македонци до следна плата: РАБОТАТ, А СЕПАК СЕ СИРОМАШНИ
Во Македонија има и вработени кои се сиромашни и не можат да ги задоволат основните потреби.
Стапката на сиромашни вработени лица е 9%, објави Државниот завод за статистика за 2017 година. Исто било и во 2016 година, додека во 2015 година, стапката на сиромашни вработени лица изнесувала 8.9%. Пред пет-шест години Македонија имала уште поголем број на вработени, а сепак сиромашни граѓани.
„Кај мене во фабрика има работници кои земаат 200 евра плата и секако дека не се задоволни. Кој може да опстане со 200 евра? Во Скопје со тие пари нема шанси да се преживее, но во внатрешноста луѓето се снаоѓаат, работат плус нешто друго за да опстанат, работат ниви. Сакаат и тие повисока плата, но проблемот е што немаат образование соодветно и не можат да одговорат на работните задачи. Друга работа е што кај нас системот не функционира, и затоа сме доведени во ваква ситуација“, вели Горан А. за ФАКТОР.МК