Како се одбира „ жртвено јагне“ во семејството: Мама секогаш ми велеше дека сум „иста како тато“ и секогаш јас бев виновна за сè, а сестра ми беше совршена - дури кога пораснав разбрав...

„Преку серија интервјуа што ги направив додека работев на мојата книга за вербална злоупотреба, во разговорите со моите испитаници најчесто се појавуваше една тема - изборот на семејно жртвено јагне. Се покажа дека тоа е најчестата тактика на злоупотреба на која прибегнуваат родителите, со што се создава контролна, конкурентна средина за децата. Кон ова најчесто прибегнуваат нарцисоидните родители бидејќи е еден од најлесните и најефикасните методи за контрола на децата и односите меѓу нив.

Така родителите всушност се ослободуваат од вината - би создале совршено семејство, но нивната среќа ја расипува тоа „жртвено јагне“ што го избрале, тоа станува изрод на семејството кога сè нема да оди мазно,  и без него, семејството би процветало“ , објаснува психологот Пег Стрип, кој врз основа на разговорот од текстот ја напиша книгата „Daughter Detox: Recovering from an Unloving Mother and Reclaiming Your Life“.

Кога родителите избираат жртвено јагне, тие го симнуваат товарот на сите неуспеси од себе затоа што секогаш имаат време да покажат со прст кога нешто ќе тргне наопаку. За да го разјаснам ова, секогаш го користам следниов пример - замислете дека го најдовте вашиот семеен автомобил уништен во дворот. Веројатно ќе помислите дека се работи за случаен инцидент, ја поправете штетата и продолжувате понатаму. Меѓутоа, родителот кој ќе избере жртвено јагне ќе постапи поинаку - ќе се фокусира на фактот дека жртвеното јагне синоќа го возел автомобилот и сигурно не го заклучил. И не само тоа, туку жртвеното јагне не го оставило запалено светлото пред куќата, што на вандалот му ја олеснило работата уште повеќе. И сега, целата вина е префрлена на тоа дете кое е избрано за жртвено јагне, а „грешката“ ќе си ја плаќа до крајот на животот.

Еден од соговорниците на психологот, Тим, имал такво семејство во кое било пренесена улогата на жртвено јагне, а тоа му било доделено од неговиот татко.

- Не смеевме во нешто да потфрлиме. Не се осмеливме да му се спротивставиме. Без дискусија и дополнителни прашања, моравме да направиме се‘ што ќе рече за да избегнеме казнување и злоупотреба. Детето што немаше да послуша беше „жртвено јагне“ и негова мета за оттргнување на гневот додека тоа дете не се „поправи“, со тоа ни испраќаше порака да бидеме многу внимателни да не бидеме следни. Така живеев како млад додека конечно не се оддалечив од дома - вели Тим.

Меѓутоа, често се случува таквите семејства да имаат едно жртвено јагне, неговата улога да не се менува, таа секогаш се доделува на еден член. Тоа е случајот со следниот соговорник на психологот, Алиша.

- Мојот среден брат, Том, беше нашето семејно жртвено јагне, бидејќи тој беше единствениот кој се спротивстави на мајка ни. Тоа беше всушност иронично - бевме четири деца, а Тим беше најдобриот спортист и најдобар ученик од сите нас, но мама не можеше да го сфати фактот дека тој не сакаше да ја послуша без објаснување, бидејќи јас, мојот помал брат и сестра ми ја слушавме без приговори. Том беше виновен за се‘ што се случуваше. Без никаква вина го излажала тато, а се‘ му препиша на Том. Молчевме во страв од мајка ни, иако знаевме дека не ја кажува вистината на тато. Том излезе од дома штом наполнил 18 години, сам си го плати факултетот, а пред 10 години ги прекина сите контакти со родителите. Мислам дека тој е најуспешната „црна овца“ за која сум слушнала. Сè уште сум во контакт со него, но брат ми и сестра ми не се, затоа што, иако се полнолетни, сè уште се плашат од гневот на мајка ни и нејзината реакција кога ќе дознае дека се во контакт со Том. Иако Том најмногу страдаше, ова остави трага кај сите нас. И денес одам на терапија, бидејќи поради однесувањето на мајка ми кон Том, прифатив таков став во животот што само се грижам да не бидам впечатлива. Ќе направам се за да не го свртам вниманието кон себе – вели Алиша.

Жртвено јагне може да биде и дете кое е единствено во семејството, за што сведочи примерот на Дора.

- Ако ја прашаш мајка ми, таа ќе ти каже дека поради мене и се случило се` лошо во животот. По моето раѓање, татко ми се оддалечи од неа и на крајот се разведоа. Тоа не е точно - тоа ќе го потврде и татко ми, но и фактот дека се разведоа кога имав седум години. Мајка ми никогаш не се премажи, а ми кажа дека „никој не сака жена со пакет“, а тој пакет сум јас. Значи, повторно е моја вина. Фактот што татко ми подоцна се ожени со жена со две деца кои ги имаше од претходен брак не ја спречи мајка ми да продолжи да ме обвинува што никогаш повеќе не се омажи. Исто така, таа никогаш не напредуваше на работа поради мене. Кога ја натерав да оди со мене кај терапевтот, таа негираше дека некогаш ми го кажала тоа. Денеска со мајка ми имаме мал контакт бидејќи таа ме полудува - вели Дора.

Дина, пак била „жртвено јагне“ во честа појава кога родител обвинува дете дека личи на друг родител со кој не е во добри односи.

- Кога бев дете не можев да разберам зошто секогаш јас бев виновна за се‘, а сестра ми е секогаш совршена. Секогаш ги имав сите петки, секогаш имав добро однесување, секогаш бев на висината на задачата. Мојата сестра на училиште беше многу полоша од мене. Меѓутоа, во тоа време не бев свесна за нашата семејна историја - татко ми направи семеен грев со тоа што ја остави мајка ми. Се ожени со друга жена со која и денес е во среќен брак, а јас направив грев што премногу личам на него - висока, витка, бринета која постојано учи. Мојата сестра личи на нашата мајка - ниска, ситна, русокоса и постојано бара забава. Дури кога почнав со терапијата разбрав зошто постојано бев на радарот на мајка ми - вели Дина.


Извор: жена.блиц

Фото: Профимедиа

Во животот немам испеглано ниту едни гаќи, ни свои, ни туѓи: Среќата за мене е нешто сосема друго